Мени

Честитки и торта за бабичките во „Зафир Сајто“

08.03.2017 17:24 | KumanovoNews

Десетина ученици од четврто и шестто одделение од основното училиште „11 Октомври“, со своите професорки денеска го посетија домот за стари лица „Зафир Сајто“, за да го честитаат празникот на жената, на корисничките на услугите и вработените.

Честитки и торта за бабичките во „Зафир Сајто“

„Децата им подарија честитки, кои самите ги изработија, а однесовме и торта. Средбата беше многу емотивна, паднаа солзи радосници и бакнежи, поради укажаното внимание, - велат од училиштето.

Учениците од „11 Октомври„ оваа посета за Денот на жената ја организираат традиционално.  

 Во Домот за стари лица престојуваат 150 корисници, од кои 104 се жени.