Кумановец се запалил во затвор во Битола Ферат А. од Куманово синоќа се самозапалил во притворското одделение во Затворот-Битола.
Лука Гаревски трет на државно дуатлон првенство Лука Гаревски од клубот “Вело-М“, викендов освои трето место на Отворено дуатлон државно првенство на Македонија, кое се одржа на езерото Мантово.
Ќе се заменат искршените клупи во градот Околу 35 искршени и дотрајани клупи во градот наскоро ќе бидат заменети со нови, информираат од општина Куманово.
Пролетно крпење на ударните дупки по улиците Започна пролетното крпење на ударни дупки на улиците во градот.
На кумановец му пукале во прозорец Кумановец синоќа пријавил во полиција дека било пукано во прозорецот од неговата семејна куќа од балконот на првиот сосед.
ЛДП го прослави 18-от роденден Либерално-демократската партија синоќа во Куманово одбележа 18 години постоење и успешно делување на политичката сцена во Македонија.
Поставени нови семафори кај Туш Нови семафори од завчера се поставени на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Ѓорче Петров“.
Петок Балаклија се славеше во Бедиње Верниците во црквата „Света Петка“ во населба Бедиње, денеска го прославија празникот Петок Балаклија.
Учениците и професорите протестираа пред МОН Средношколците и претставници на Наставничкиот пленум од Куманово, денеска протестираа пред подрачното Министерство за образование и наука со барање да се укинат лошите реформи во образованието.
Работодавачите се запознаа со најновите мерки за вработување Во Центарот за вработување Куманово денеска се одржа Форум на работодавачи, на кој дваесетина работодавачи се запознаа со најновите мерки за вработување кои ги нуди државата.
Се зголемува бројот на пензионери во Куманово Последниве години зголемен е бројот на пензионери, кои членуваат во Здружението на пензионери Куманово.
Гореше сува трева кај Романовце Сува трева вчера гореше покрај автопатот Куманово- Скопје кај селото Романовце.
Вонредна дератизација во Липково Екипи од Центарот за јавно здравје Куманово извршија вонредна дератизација во општина Липково, како превентива за заштита од болеста туларемија.
Уапсен кумановец баран по потерница Р.А.(50) од кумановското село Лопате, вчера во 23.15 часот е уапсен на граничниот премин Долно Блаце, додека се обидувал да влезе во државата.
Средношколците утре на протест Средношколците утре во 12 часот ќе протестираат на Градскиот плоштад, по што ќе се упатат до канцелариите на Министерството за образование и наука.