Се реконструира автопатот кај „Белви“, АМСМ апелира да се вози внимателно Поради реконструкција на дел од автопатот Куманово - Скопје во близина на хотел Белви изврешена е измена на сообраќајот, поради што од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
Затвореник избегал на бензинската кај Романовце, додека го носеле во К`шање Приведено лице успејало да избега од возило на затворската полиција додека стоело на бензинската пумпа на автопатот, кај Романовце.
Од ноќеска почнува летното сметање на времето Летното сметање на времето почнува ноќва во 2 часот по полноќ /31 март/, кога часовниците се поместуваат еден час понапред, односно од 2 на 3 часот.
Мартин Костадиновски освои трето место на државен онлајн натпревар по математика Мартин Костадиновски, ученик во третта година во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово освои третто место на државен натпревар по математика, кој се одржал онлајн по повод Меѓународниот ден по математика - 14 март.
Планинарска акција во хуманитарни цели организира ЗП „Козјак 2013“ и Црвен Крст Куманово Здружението на планинари „Козјак 2013“ заедно со Црвен крст Куманово, утре организира хуманитарно планинарење во селото Бељаковце, до манастирот Св.Георгиј. Учесниците ќе имаат можност да донираат за да продолжи лекувањето на четиригодишната Јована Илиевска од Куманово.
Технички проблеми и експропријација го кочат проектот за канализација зад поранешен „Киро Фетак“ Општина Куманово, преку Секторот за комунални работи започнала постапка за изработка на проектна документација за изградба на канализациска мрежа на улиците „Петар Драпшин“ и „Драги Шутевски“, каде сега течат фекалии низ отворен канал, покрај автопатот и градинката „Буба Мара“ на влезот во Куманово.
Kумановец кршел инвентар на бензинска пумпа Полицијата привела кумановец затоа што синоќа на бензинска пумпа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се однесувал агресивно.
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија, пари злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.
Бакарот од спортската сала е продаден за 141.000 евра, парите се искористени за инфраструктурни проекти За 8.7 милиони денари или 141.400 евра е продаден бакарот кој беше изваден од покривот на Спортската сала во Куманово. Според информацијата од Општина Куманово продадени се 17,364 тони бакар, по реална цена во моментот на продажбата, а тоа е април 2022 година.
„Гласна култура“ вечерва во Занаетчиски дом во Куманово Изложба на фотографии од старо Куманово, поетско читање и стенд-ап, се само дел од содржините на мултимедијалниот настан „Гласна култура“, кој вечерва со почеток во 18 часот ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово.
Трети места за Илина Арсовска и Ева Димитриевска на државен натпревар по информатика Илина Арсовска од клас I2 и Ева Димитриевска од клас IV1, ученички во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, освоија трета награда на државниот натпревар по информатика, кој викендов се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Формиран првиот клуб Олдтајмер Витези во Куманово (видео) При крајот на минатата година формирано е првото Здружение Олдтајмер Витези од Куманово , кое брои 15-тина членови и има регистрирано повеќе од 30 стари автомобили.
Отворена изложбата на карикатури „ Жената - глава на семејството“ Изложбата на карикатури „Жената - глава на семјството“ денеска беше отворена во фоајето на Центарот за култура во Куманово.
Не се најдени парите ниту разбојниците од филмскиот грабеж на сопственик на менувачница во Куманово Дванаесет денoви откако во вооружен грабеж беа украдени околу 150.000 евра од сопственик на менувачница во Куманово, се уште се трага по разбојниците и парите.
Му дале лажен дијамантски накит и го измамиле за 800 евра Кумановец наседнал на измама на двајца скопјани, кои му дале лажен дијамантски накит како залог додека да му вратат 800 евра, кои им ги дал на заем.
Уапсен млад кумановец за продажба на дрога и напад на полицаец Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.