Дејвид Боуви со нова песна по пауза од 10 години
        09.01.2013 11:26
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      По пауза од една деценија, легендарниот британски музичар Дејвид Робер Џоунс, попознат како Дејвид Боуви денеска, на неговиот 66-ти роденден, објави дека новиот дваесет и четврти по ред студиски албум насловен „The Next Day“ ќе биде објавен во март годинава.
                  “Where Are We Now” е достапен преку iTunes. Текстот е на Боуви, а спотот за песната го работел мултимедијалниот уметник Тони Ауслер, додека албумот е продуциран од долгогодишниот соработник на Боуви, Тони Висконти.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



