×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (03.12.2020)

    03.12.2020 08:22 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (03.12.2020)

    Овен

    Денес ќе бидете особено нервозни кога е во прашање вашата работа, затоа што ќе знаете дека ве очекуваат напорни денови на работата. Сконцентрирајте се. На љубовен план, ве очекува недоразбирање во кое никој нема да знае кој што мисли. Не останувајте дома, обидете се да излезете и да си ги разбистрите мислите.

    Бик

    На работата ве очекуваат повеќе обврски затоа обидете се делумно да заминувате одморени, за да не правите непосакувани грешки. На љубовен план, иако се' ќе наликува дека е во најдобар ред, во последниот миг нешто ќе ви го наруши балансот. Обидете се да останете смирени, затоа што во стресни ситуации никогаш не постапуваме онака како што треба.

    Близнаци

    Денес иако ќе мислите дека на работата се' е во најдобар ред, внимавајте и читајте меѓу редови. Тоа ќе ви помогне да ги донесете правилните одлуки. Кога станува збор за љубовта ве очекуваат разговори со вашиот партнер во кои вие ќе делувате целосно неубедливо, па дури и самите нема да си верувате во она што го кажувате. Ако е така, оставете времето само да си ја раскаже вистината.

    Рак

    На работата ќе чувствувате особен притисок, затоа што грешките ќе почнат да ви се нижат без разлика дали вие сте или не сте одговорни. Обидете се да го проверите опкружувањето за да не ве обвинуваат попусто. На љубовен план, денес ве очекуваат мирни моменти и особено лесен ден по тоа прашање.

    Лав

    Денес особено ќе размислувате за она што го имате постигнато на работата, но нема да бидете заинтересирани за минатото за да му се вратите туку ке го гледате како искуство како да креирате постабилна иднина. На љубовен план, значително ќе биде изразена вашата желба за слобода без разлика дали имате партнер или не.

    Девица

    Дури и кога нема работа вие си наоѓате работа. Вашата опседнатост со тоа се' да завршите на време понекогаш може да влијае негативно и на љубовниот живот. Излезете од дома и забавувајте се без разлика дали имате партнер или не. Таквата промена ќе му дојде убаво и на вашиот партнер кој ќе ве види и во поинакво светло, а воедно и ќе ве извади вас од конфорната зона.

    Вага

    Ќе бидете активни во текот на целиот ден и ќе сакате да си ги остварите зацртаните цели. Самоиницијативноста ќе ви ја зголеми и самодовербата. Што се однесува до љубовта, овој ден ве очекува мирен ден пропратен со љубовни изливи.

    Шкорпија

    Денес нема да сакате да експериментирате на работата, иакo се' уште во главата ви се врти некоја ваша идеја. Уморот кој ќе го чувствувате ќе ви се пренесе и на љубовното поле, па денес ќе сакате да легнете и да си ги одморите не само вашите мисли туку и вашето тело. Дозволете си го тоа.

    Стрелец

    Во овој момент ќе се чувствувате задоволни и од работата и од финансиската состојба. Вашата напнатост, денес значително ќе биде намалена на работата, но ќе размислувате за љубовниот живот и за тоа како саканата личност ви недостига во најтешките мигови. Затоа, размислете убаво пред да ги идеализирате работите.

    Јарец

    На работата денес нема да чувствувате особени потешкотии, односно денот ќе ви помине сосема вообичаено. Кога станува збор за љубовта, денес ќе размислувате за тоа дали навистина вреди да останете во врската во којашто се наоѓате или истата ви влијае само негативно. Обидете се најпрво да се релаксирате, за да можете да донесете таква одлука. Не избрзувајте!

    Водолија

    Понекогаш имате желба да се свртите и се' да напуштите. Одлуката можеби е валидна, но обидете се прво да се одморите, па дури тогаш да размислите за истото. На љубовен план, ќе имате чувство дека вашиот партнер прави особени грешки, а дека вие постојано му опростувате.

    Риби

    Монотонијата на работата почнува да ви влијае сосема негативно, односно денес особено ќе биде изразено вашето чувство дека се' на работата ви е сосема јасно и дека нема што ново да научите. Доколку не сте во можност во моментот да го напуштите вашето работно место, тогаш обидете се приватно да си зададете повисоки цели. Кога станува збор за љубовта, не дозволувајте и вашиот партнер да ви делува демотивирачки.