×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (04.01.2019)

    04.01.2020 10:11 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (04.01.2019)

    Овен

    Овој викенд посветете го на нешто кое ќе направи разлика најпрво за самите вас. Не заборавајте дека само доколку се почитувате себе дека можете да ги почитувате и другите. Во последно време премногу се имате истрошено мислејќи само на другите, а не вклучувајќи се себеси.

    Бик

    Ако денес се најдете во некоја конфликтна ситуација обидете се истата да ја избегнете, затоа што ѕвездите нема да ви бидат наклонети. На љубовен план, раширете ги крилјата и обидете се да полетите и да боли барем ќе вреди.

    Близнаци

    Во последно време постојано размислувате за другите, но не и за себе. Вие заборавате како е да се чувствува спокој, затоа што веќе долго време го немате почувствувано. Поштедете се, затоа што луѓето често знаат да свртат грб откако некој човек ќе стане слаб. Кога станува збор за љубовта, размислете што навистина сакате.

    Рак

    Сета нервоза која ја чувствувате пред празниците овие денови како пак да се провлекува низ вас. Потребен ви е психички одмор и тоа веднаш. Затоа колку што можете избегнувајте контакт со луѓе кои влијаат целосно негативно врз вас. На љубовен план, кажете го она што ви лежи на срце.

    Лав

    Светот околу вас денес ќе ви изгледа многу злобен, па дури и нема да знаете каде да се свртите. Едноставно е, свртете се кон саканата личност затоа што само љубовта може да ја донесе вистината.

    Девица

    Вашата искреност денес ќе биде особено истакната без разлика дали станува збор за работата или пак за некој друг аспект од вашиот живот. Сепак внимавајте, затоа што денес само вистинските луѓе и' ја знаат вредноста. На љубовен план, недоразбирањата кои можеби ги имате со саканата личност можете да ги средите само со разговор.

    Вага

    Радоста која ве пратеше за време на празниците сега почнува да избледува. Единственото решение е да направите приоритетна листа во новата година и да не си ја трошите енергијата на луѓе кои навистина не заслужуваат ни еден саат од вашиот ден. На љубовен план, работите никогаш не зависат само од вас, ако сакате промени ќе морате да започнете со компромиси.

    Шкорпија

    Работите околу вас постојано се менуваат, а вие имате чувство дека стоите во место. Оставете ја несигурноста на страна и направете чекор напред. Зарем не вреди да се проба да се направи промена во новата година? На љубовен план, убавите мигови ќе ви дојдат само ако се опуштите, не заборавајте дека со негативни мисли и енергија привлекувате и негативни луѓе.

    Стрелец

    Доколку денес нема да можете да исконтролирате  одредени ситуации тогаш барем не бидете дел од нив. Не правете го она што не го сакате, затоа што со истото почнувате да си нанесувате штета и на самите себе. На љубовен план, работите полека почнуваат да се менуваат.

    Јарец

    Овој ден навистина нема да имате трпение кога станува збор за работата и токму затоа ќе сакате што побргу да заврши денот. Доколку се наоѓате на работа која не е вашата "љубов" тогаш не придавајте и' толку големо значење. На љубовен план, престанете да бидете горделиви без потреба.

    Водолија

    Светот околу вас можеби навистина ќе изгледа розов, но во суштина никогаш не е таков. Пред да донесете некоја одлука, денес, прво убаво размислете. Кога станува збор за љубовта, не заборавајте дека колку и да боли сакањето дека само тоа има смисла.

    Риби

    Оваа година сте решени дека сакате да ја започнете многу порешително од вообичаено и затоа ќе бидете насочени кон "чистење" на луѓето кои не ви се потребни. На љубовен план, денес ќе сакате да играте со чисти карти затоа што веќе силите ви се при крај.