10. 07. 2020 09:24

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (10.7.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (10.7.2020)

Дневен хороскоп

Овен

Ако чувствувате одреден притосок на работното поле, тргнете се на страна и размислете двапати пред да пресечете.

Љубовта е одраз на вашата внатрешна убавина, вие сакате без да барате нешто за возврат.

Бик

Денеска ве очекуваат професионални предизвици, засукајте ги ракавите и не откажувајте се уште на почетокот. Не заборавајте дека се` е полесно од почетоците.

Ако сакате навистина да станете „експерт во љубовта“, тогаш ви е потребно нешто повеќе од искуство, начитаноста честопати знае да влијае на креативноста.

Близнаци

Вашата желба да се прилагодите на работите е голема, но реалноста ви се удира од лице. Не можете да ги заборавите случувањата од претходните денови.

Не носете ја работата во креветот.

Рак

Ако некој навистина знае што ви е потребно вам, тогаш тоа е вашето семејство. Денеска сета енергија ќе ја црпите токму од нив.

Брз разлика дали имате партнер или не, денес ќе бидете расположени за страствена вечер.

Лав

Денеска, по неколку дена напорна работа,ќе почувствувате олеснување. Ќе имате чувство дека коцките полека си доаѓаат на свое место.

На љубовното поле, не очекувајте од партнерот да биде она што вие сакате. Тој е посебна индивидуа.

Девица

Денеска ќе  треба да донесете некои важни одлуки поврзани со работата, затоа бидете објективни и прецизни, се` друго само дополнително ќе вии ги отежни работите.

Вашиот партнер нема да има разбирање за вашата расеаност.

Вага

Денес ве очекува мирен ден и на работното поле и на љубовното, затоа искористете го за да уживате во малите задоволства.

Направете ручек за вашите сакани и потоа искористете ја вечерта за кратка прошетка.

Шкорпија

Чекорите коишто ќе ги преземете денес на работата ќе ви се одразат во наредните денови. Размислете пред да донесете одлука.

Ако кавгите помеѓу вас и вашиот партнер не се толку сериозни, тогаш не напнувајте без потреба. Токму тие мали кавги се тивкиот убиец на љубовта.

Стрелец

Вашите секојдневни обврски денес ќе се ублажат, па ќе можете да земете малку слободно време и за себе.

Вашиот љубовен живот станува вистинска атракција, но не за вас, туку за луѓето околу вас.

Јарец

Престанете да се однесувате како дете на работата, преземете ги работите коишто треба да ги преземете за да си ја завршите сопствената работа.

На љубовното поле, вашата сакана личност покажува мала доза на љубомора.

Водолија

Вашата смиреност денес oколу вас ќе носи позитивна енергија, па искористете ја истата и за во вашиот дом.

Партнерот од вас очекува повеќе од она што му го нудите.

Риби

Немате никаква намера да навредите или повредите некој, но во последно време луѓето постојано ве сфаќаат погрешно. Денес, на тоа поле бидете малку попретпазливи.

Денес разрешувањето на сите љубовни проблем зависи само од вас.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk