13. 07. 2020 09:59

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (13.7.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (13.7.2020)

Дневен хороскоп

Овен

Викендот којшто помина иако се надевавте дека ќе ви донесе одмор, сепак истиот ви донесе дополнителен ангажман. Затоа утрово ќе се чувствувате како да сте на крајот на работната недела, а не на почетокот.

Љубовта денес ќе ја оставите на страна, затоа што најпрво нема да знаете што со себе.

Бик

Ако продолжите да се однесувате неодгoвпрно и пасивно и денес може да очекувате лош старт на неделата.

Кога станува збор за љубовта, не ветувајте повеќе од тоа што можете да го направите.

Близнаци

Иако ви се нудат повеќе професионални ангажмани, сепак веќе ќе бидете многу попретпазливи. Нема да донесувате одлука без претходно да се исконсултирате со други луѓе.

Вашиот љубовен живот иако знае да има бурни моменти, сепак знае и да ви го стопли срцето.

Рак

Оставете ги другите на страна и денес потпрете се само на себеси. Луѓето од вашата околина, полека но сигурно ја губат вашата доверба.

Не можете да постигнете ништо со постојано расправање, љубовните проблеми и недоследности се решаваат со компромиси и разговори, останатото е само беспотребно трошење на време.

Лав

Вашата возгордеаност денес ќе биде пониска, затоа што ќе сфатите дека ви е потребна помош и од вашата околина.

Иако денеовиве имавте несогласувања со саканата личност, сепак денес истите ќе ви изгледаат сосема мали и смешни.

Девица

Оставете ја љубовта таму каде што припаѓа, односно во вашиот дом и надвор од вашето работно место. Мислите за партнерот ви го одвлекуваат вниманието и ви создаваат проблеми на работното поле.

Вашиот партнер постојано ви става мали сопки, па се чувствувате тесно во својата кожа.

Вага

Ако сакате нешто да постигнете тогаш мора да се потрудите повеќе. Денес за што и да се фатите, ќе мора да вложите дополнителен труд за да го завршите.

Најдобрата утеха е семејството, иако честопати знае да биде и извор на најголеми проблеми.

Шкорпија

Ако се насочите кон исполнување на вашите цели, ќе забележите дека за кратко време ќе можете и да ги исполните.

Пред да обвините некој друг за вашите љубовни проблеми, размислете за тоа дали истите би ги имале доколку не сте дозволиле некој од страна да стане дел од вашит љубовен живот.

Стрелец

На работата денес насочете се кон она што ви е најважно, затоа што вниманието ќе ви биде значително редуцирано и нема да имате концетрација за да се справите со повеќе работи одеднаш.

Љубовниот живот ќе ви се одвива како и вообичаено.

Јарец

Денеска испочитувајте го златното правило да не правите на некого нешто што не сакате да ви се направи вам.

Иако за викендот очекувавте дека ќе можете да ги подобрите работите на љубовното поле, сепак истото колку и да сакавте не ви се случуваше, наместо одмор вие се чувствувате уште поуморно.

Водолија

Вашата мирна енергија и снаодливост денес ќе испливаат на површина, па ќе се чувствувате полесно за разлика од претходната недела.

Вашиот партнер веднаш ќе ја забележи позитивната енергија кај вас, па можете да очекувате и позитивен исход од истото.

Риби

Во текот на викендот наместо да се одморите, вие се изморивте и повеќе одошто е потребно. Вашата енергија денес ќе биде значително намалена, па затоа не дозволувајте да ја трошпите на непотребни работи.

Не заборавајте дека една од најслините нешта кои ги полнат „батериите“ дека е токму прегратката од саканите личности.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk