15. 10. 2020 08:04

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.10.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.10.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Денес ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака, односно се' што ќе се обидете да го завршите ќе заврши како нецелосно. Вашето незадоволство ќе биде очигледно, па дури тоа ќе влијае и луѓето да почнат да ве избегнуваат. Кога станува збор за љубовта, нема да ве очекува ништо посјајно, можеби затоа е подобро да легнете и да се одморите, а не да излегувате и да си ја уништите и вашата вечер и вечерта на вашиот партнер.

Бик

Денес завршувањето на обврските на работата ќе ви оди споро, односно нема да ви бидат работите сосема јасни до крај, па затоа несвесно за се' ќе наоѓате некоја причина да се занимавате со нешто друго. Никогаш не е препорачливо да ги оставате работите на "половина пат". Кога станува збор за вашиот партнер, вашите односи стануваат некако монотони и понегативни, затоа искористете ја вечерта и излезете заедно на некој пијалок.

Близнаци

Потребно е денес да бидете сериозни и одговорни и да се посветите на обврските кои ги имате. Голема е веројатноста дека погледот на претпоставените ќе биде насочен кон вас, па затоа бидете претпазливи. На љубовен план иако ќе имате голема желба да го видите вашиот партнер, сепак многу е мала можноста денес да остварите некој заеднички договор. Но запомнете, тоа не мора да значи дека не се сакате!

Рак

Во текот на овој ден ќе се обидете да се адаптира те на сите промени кои се случуваат околу вас, но тоа ќе биде попусто. Едноставно работите не одат како вие што сакате. Понекогаш имате чувство дека воопшто и' не сте им важни на луѓето. Ако имате такво чувство, можеби е подобро по работата да го поминете денот во домашна атмосфера и да си ја разладите главата, за да не зажалите за кажаните зборови

Лав

Колку и да не сакате, сепак мора да се сконцентрирате и на обврските кои ве очекуваат а не се вашиот омилен дел. Секој е приморан да го работи и она што не го сака покрај она што го сака. Секоја работа има своја црно-бела страна, затоа не очајувајте. Доколку се чувствувате премногу уморни од компромиси во текот на денот, тогаш попладневните часови искористете ги за одмор и за средување на вашите мисли.

Девица

Денес, можеби премногу очекувате од другите, но и да не ви ги исполнат очекувањата тоа нема да ве онерасположи. На некој начин ќе се обидете да најдете оправдување за сите нив. Можеби тоа ќе се должи и на вашата способност самите да си ги завршите обврските. Исто така во текот на овој ден ве очекува и пријатна романтична вечер. Опуштете се!

Вага

Во текот на овој ден ќе очекувате да ви се исполни нешто кое со денови го чекате. Вашата нетрпеливост се' повеќе станува неподнослива. Меѓутоа, како се вели: само трпението ќе ве донесе до спасение. Не ги форсирајте работите за да не ги уништите пред крајот. Инаку, односите со некоја личност со која подолго време сте во поинтензивен контакт, денес ќе бидат особено изразени. Затоа внимавајте доколку сте во врска или брак.

Шкорпија

Пред вас ќе имате доста ветувања, но на крајот многу малку од нив ќе бидат исполнети. Затоа, научете се веќе еднаш да не верувате на празните зборови. Инаку, овој ден ве очекува убава вечер со вашиот партнер. Затоа искористете ја да ги искажете сопствените чувства. Убаво е секој да слушне дека некој некому му значи.

Стрелец

Во текот на овој ден бидете сконцентрирани, затоа што без сконцентрираност сте склони кон поголеми грешки. Иако сте деконцентрирани и вниманието не ви е насочено кон работата, обидете се тоа да го контролирате. Можеби истото се должи и поради незадоволството кое го чувствувате во врска со вашиот партнер.

Јарец

Во текот на овој ден ќе добиете некоја информација на која ќе се надевате иако ќе сте свесни дека сето тоа може да ви донесе разочарувања. Затоа не се надевајте премногу. Кога станува збор за љубовта, денес нема да знаете како да се однесувате кон вашиот партнер, зашто ќе чувствувате дека вашите чувства се измешани, па затоа можеби е и најдобро да не отворате никакви комплицирани теми.

Водолија

Она што треба да го направите денес е да се помирите со ситуацијата во која се наоѓате и да сте свесни дека и овој ден ќе заврши. Некои работи не можете да ги помрднете од мртвата точка и прифатете го тоа. Во текот на вечерта ќе сакате да сте заедно со вашиот партнер, бидејќи ќе се чувствувате емоционално нестабилно, но голема е можноста условите да не ви се во прилог за заедничко дружење.

Риби

Денес ќе бидете особено пасивни и нема да имате волја за ништо. Сето ова може да ви влијае и на работата и на љубовниот план, па затоа обидете се со последни напори да не' биде толку многу изразена вашата пасивност, барем не пред вашите претпоставени. Во текот на вечерта, препорачливо е да излезете со некој пријател, кој секогаш знае како да ве расположи.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk