×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.09.2019)

    19.09.2019 06:15 | KumanovoNews

       Дневен хороскоп (19.09.2019)

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.09.2019)

    Овен

    Иако некогашниот успех ќе ве мотивира да бидете поактивни и да „го барате она што ве интересира“, сепак, денес, ќе бидете приморани да направите избор помеѓу кариерата и вашите најблиски. Потсете се дека и сите пари и успех на светот не се потребни, ако на крајот на денот немате кого да прегрнете. На работата, не инсистирајте на тимски дух, зашто истото некогаш не е можно. Што се однесува до љубовта, ќе се соочите со вашиот партнер. Само, не бидете тврдооглави, разгледајте ги работите од повеќе аспекти.

    Бик

    Денес, на некој начин ќе добиете информација дека некој сака да се сретне со вас. Истата ситуација ќе ве стави во недоумица, како да најдете време за се`. Не избрзувајте, најпрво размислете дали сакате да се видите со личноста. На работата, иако можете да бидете во конфликт со некоја личност, обидете се „да го исконтролирате бесните зборови“. Иако, од партнерот ќе очекувате интелектуален разговор, тој нема да биде расположен за таков вид на комуникација. Не очајувајте, несериозноста и насмевката се рецепт за среќа, можеби вие претерувате.

    Близнаци

    Вие сте конфузни, не знаете кој пат да го изберете и кај истото ќе ве однесе. Образованието и едукативните програми се нешто кое го преокупира вашето време во последен период. Сакате да станете независни и успешни. Сето тоа е здрав напредок, меѓутоа обидете се одлуките да ги оставите за некој друг ден, конфузноста може „да ви ги помеша лонците“. На работата запомнете дека не е лесно да се дели лидерската позиција, затоа најдете друго решение. Денес, воошто не се двоумете доколку треба да одите на некој состанок, вашиот шарм ќе биде посебно истакнат.

    Рак

    Денес ќе бидете преокупирани со финансиските средства, можеби пред каква и одлука да донесете, треба да се консултирате со некој професионалец во истата област. На работата бидете внимателни, некој од вашите колеги можеби ќе сака да игра „валкано“. Меѓутоа, таквите можат да се победат само со чиста игра, зашто во неа ќе изгубат. Веќе подолго време сакате да поразговарате со вашиот партнер? Направете го тоа денес, бидејќи планетите ви носат бистар ум и смиреност.

    Лав

    Во последно време сте неодлучни, а истата неодлучност ќе ве следи и овој ден. Не донесувајте одлуки со врела глава, оставете работите да се изладат. За подоцна да не се каете. На работата , имајте на ум дека никој не ви ги чита мислите и дека нема да дојде да ви помогне, ако тоа не го побарате. Во текот на денот, ќе внимавате да не го повредите вашиот партнер со вашиот брзоплет јазик. Понекогаш кажувате работи во лутина, за кои подоцна се каете.

    Девица

    Во последно време чувствувате дека нечиј став кон вас е сменет. Луѓето околу вас, ви негодуваат дека сте се смениле. Сепак, не слушајте ги таквите деструктивни коментари. Убавината е во растењето. На работата сите ќе ве гледаат ко да сте луди, не се откажувајте, демонстрирајте им ги вашите идеи. Што се однесува до љубовта, денес доколку не се обидете да направите компромис, вашиот однос со партнерот може посериозно да се закомплицира.

    Вага

    Kонфузноста ќе биде ваш партнер низ целиот ден. Размислете поубаво пред да пресечете за некои работи. Како беше она: двапати мери, еднаш сечи. Можеби е најубаво, овој ден да одделите време само за вас. Кога станува збор за љубовта, ќе имате чувство дека врската ви е монотона. Е па, тогаш станете и преземете нешто, не чекајте истото да ви падне од небо.

    Шкорпија

    Во текот на денот ве очекува некоја поглавна одлука. Без разлика за што и да станува збор, не мешајте други луѓе, кога станува збор за вашиот приватен живот. Никој не може да ве носи на грбот, сиот живот. На работата, обидете се да си ја контролирате самодовербата, за да не прерасне во горделивост. Денес, со партнерот ќе се чувствувате претесно, односно постојано ќе сте напнати и нервозни. Не плашете се од партнерот да побарате време за себе.

    Стрелец

    Ова не е денот кога се` што некој ќе каже да го сметате за вистина. Почекајте некој ден за да видите, како ќе се одвиваат работите. На работата, бидете професионални, не е на одмет некој ден да намалите со комуникацијата, чисто заради  вашата заштита. Често знаеме да го обвиниме партнерот за монотоијата во врската. Меѓутоа, зарем тоа не треба да ни биде поттик за „разгорување на нашата фантазија“, за да се направи нешто ново. Ако ви е досадно во врската, тоа може да значи и дека вие самите на себеси сте си станале здодевни.

    Јарец

    Денес, поголемиот дел од овој хороскопски знак ќе бидат фокусирани на нивните финансии. Меѓутоа, тоа нема да биде од страв дека нема да можат да го поминат денот, туку нема да бидат сигурни дали треба да влложат во нешто ново. На работата, внимавајте што зборувате и на кого зборувате. Кога станува збор за љубовта, најверојатно денес постојано ќе го обвинувате вашиот партнер за се` и сешто. Но, не правете го на другиот она што не сакате да ви се прави на вас!

    Водолија

    Во текот на овој ден, ќе се чувствувате напнато поради некоја врска која ја имате остварено во последниот период, а нема да знаете што да правите со неа. Оставете ја на страна, некои работи се решаваат сами по себе. На работата, морате да научите и да се опуштите, не одете секогаш наоружани.  Денес, вашиот партнер ќе биде малку емотивно нестабилен. Не му го земајте истото „здраво за готово“. Прегрнете го, тоа многу ќе му значи.

    Риби

    Овој ден ќе имате премногу обврски и нема да знаете од кај да почнете. Размислете како да најдете „кривинка“ за да излезете од патот и малку да здивнете. На работата, доколку сакате да направите некаква промена, тогаш не треба да се двоумите. Денешната  поставеност на планетите, ве советува да разговарате со партнерот за што и да станува збор. Најлесно се комплицираат работите, кога во главата си создаваме свое сценарио, кое можеби нема допирна точка со реалноста.