×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.5.2020)

    19.05.2020 06:52 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.5.2020)

    Овен

    Влегувате во друштво на нови соработници, но не фантазирајте премногу за брза слава. Бидете реални.

    Партнерот покажува разбирање за вас и ве дополнува во се' што треба.

    Бик

    Преземете иницијатива за самите себеси. Иако секогаш сакате да бидете стабилни, сепак без да промените нешто постојано ќе останете во едно исто место.

    Ако не го добивате она што го баравте од вашиот партнер, не значи дека треба да му продавате лажни приказни.

    Близнаци

    Полесно е вината да ја префрлите на некој друг, особено ако немате доволно храброст за да си ја признаете грешката.

    Не можете од партнерот да очекувате тој да заврши се' сам.

    Рак

    Дефинитивно размислувате за нешто со кое сакате да направите разлика. Луѓето околу вас стануваат се' понервозни и не знаете која страна да заземете.

    Не сте во добри односи со партнерот, но утре е сосема нов ден. Не очајувајте.

    Лав

    Не застанувајте на она што го имате. Понекогаш мора дополнително да се заангажирате доколку сакате да напредувате.

    Потрудете се да бидете пошармантни кон саканата личност.

    Девица

    Вашите идеи во моментот можат да бидат ризични. Оставете ги за некои други денови.

    Партнерот ќе ви ја докаже верноста иако никогаш и се немавте сомневано во него.

    Вага

    Некој во успорува во она што го правите, но денес нема да имате сили за дополнителни расправии. Доволни ќе ви бидат оние во вашиот дом.

    Ако сакате вашиот партнер да биде поефикасен тогаш и вие ќе мора да го направите истото.

    Шкорпија

    Денес ќе ве преокупираат финансиските проблеми и ќе размислувате како да го завршите месецот.

    Иако се обидувате да бидете шармантни, партнерот тоа го толкува сосема погрешно.

    Стрелец

    Не зборувајте за вашите планови, она што го имате чувајте си го за себе.

    Вие сте оптимист, понекогаш мислите дека љубовниот живот ви е мед и млеко но понекогаш знаете дека сте само наивни.

    Јарец

    Вашето мислење е променливо и воопшто денес нема да сакате да се занимавате со туѓите проблеми. Тоа ќе ја изненади околината но вие нема да им свртите внимание.

    Партнерот сосема добро ги разбира вашите намери кои засега добро ги премолчувате.

    Водолија

    Верувајќи си на себеси не само што ќе се чувствувате вие подобро туку може да си ги исполните и вашите цели.

    Понекогаш не е важно што зборувате туку што правите. Навистина се трудите и вашиот партнер го забележува тоа.

    Риби

    Во можност сте да завршите работа којашто ви носи психичко олеснување, но не и финансиско.

    Партнерот очекува од вас послободно однесување, не бидете вкочанети.