×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.7.2020)

    20.07.2020 07:04 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.7.2020)

    Овен

    Престанете да се однесувате празноверно и да верувате во суеверија, единствено вие сте виновни за вашиот неуспех.

    Ако му негодувате на вашиот партнер дека не прави ништо за да ви стане животот поинтересен, тогаш запрашајте се што вие правите за на него да му биде поинтересно. Ножот понекогаш знае да биде со две остирци.

    Бик

    Вашите секојдневните расправии денес ќе сакате да ги оставите на страна и да свртите нов лист во кој ќе имате повеќе спокој и мир. Лист кој ќе наликува на годишен одмор. Не дозволувајте да станете нешто што не го сакате ниту кај другите.

    Љубовта е љубов само кога е искрена и без задни намери, не калкулирајте со чувствата.

    Близнаци

    Иако се разбудивте уморни, денес имате сили за да го зграпчите денот. Вашата упорност и своеглавност на крајот на денот многупати знае да се исплати.

    Во моментот сте задоволни со љубовниот живот, иако честопати знаете да избувнете и поради најмала причина.

    Рак

    Домот наместо да ви е место за спокој и мир, во последно време ви станува место во кое се чувствувате најмонотоно и нервозно. Ова можете да го смените само вие. Направете барем мала промена во домот, која ќе ве асоцира дека се случува нешто ново.

    Вашиот љубовен живот во моментот е одраз на самите вас, сив и монотон. Дајте му живот.

    Лав

    Без разлика колку и да сакате да направите разлика, понекогаш тоа не е можно. Единствено нешто кое ви недостига во моментот е одмор од се`, освен од вашиот партнер.

    Вие сте сосема свесни за квалитетот на вашиот партнер, меѓутоа имате потреба од ново разбранување.

    Девица

    Овој ден се разбудивте ведри и спремни за нов почеток на неделата. Оставете ги зад себе озборувањата и насочете се кон она што навистина ви прави разлика.

    Вашиот партнер почнува да ви негодува дека станувате напорни со вашиот дискурс.

    Вага

    Заборавате дека парите не се најважниот составен дел од животот, па почнувате премногу време да губите размислувајќи за нив. Тие доаѓаат сами по себе, кога треба да дојдат.

    Сметате дека вашиот партнер не го гледа вашиот потенцијал и тоа ве прави нервозни.

    Шкорпија

    Заборавете на другите околу вас и посветете се на самите себе. Во последно време честопати сте незадоволни од самите вас, но сепак под површината знаете дека причината е незадоволството од вас самите.

    Сите работи можат да станат поразлични доколку му дозволите на вашиот љубовен живот да се одвива онака како што тој налага.

    Стрелец

    Престанете да се однесувате детски и прифатете го фактот дека не можат сите луѓе да бидат исти. Некои грешки коишто ги прават вашите колеги ги правите и вие само на некое друго поле од животот.

    Денес, особено ќе ви недостига вашиот партнер.

    Јарец

    Сите обврски денес ќе се обидете да ги завршите пропратно и ќе се насочите кон вашите приоритети, односно кон вас и вашите најмили.

    Љубовниот живот како и вообичаено, ништо ново.

    Водолија

    Светот понекогаш знае да биде убаво место за живеење, а понекогаш многу напорно. Но, сепак дали тоа му ја одзема целосната убавина? И луѓето знаат да бидат напорни, но тоа не значи дека не се убави. Затоа не очајувајте и не однесувајте се толку негативно.

    Секојдневните превирања со вашиот партнер оставете ги на страна и погледнете во него малку подлабоку.

    Риби

    Никој во животот не ви дава нешто туку-така, за да добиете нешто ќе мора да го заслужите со многу труд. Не заборавајте на тоа.

    Не бидете деталисти кога станува збор за љубовта, погледнете ја пошироката слика.