×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.1.2020)

    21.01.2020 07:47 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.1.2020)

    Овен

    Денес ќе бидете оптеретени со вашиот буџет, па затоа и ќе бидете насочени кон соработка со некоја личност која има своја компанија. На љубовен план, повеќе време посветувате на вашите пријатели.

    Бик

    Посветете повеќе внимание на креативност, бидејќи денес тоа ќе биде вашето поле на кое можете да добиете позитивни резултати, не плашете се да експериментирате. На љубовен план, нема да бидете расположени за некои емотивни промени во врската.

    Близнаци

    Денес повторно може на работата да се чувствувате дека не припаѓате таму. Ако е така, можеби е време да размислите да го смените работното место или пак што дополнително да најдете нешто ново за со истото да придонесете за подобрување на вашата "психичка" состојба. На љубовен план, не бидете пасивни затоа што вашиот партнер ја сака токму вашата млада енергија.

    Рак

    Доколку сакате да донесете некои одлуки поврзани со вашата работа, сосема е во ред да се исконсултирате со вашиот партнер. На љубовен план, сигурноста којашто ви ја дава парнерот е нешто најубаво што ви се случува во моментот.

    Лав

    Премногу сте зафатени затоа што сакате да ги зграбите сите можности кои ви се нудат во моментот. На љубовен план, вие сте човек кој подеднакво ја сака и духовната страна на саканата личност како и еротичната.

    Девица

    Дозволете им на вашите аналитички способности да излезат на виделина, доколку денес истите станат потребни за завршување на некоја работа. На љубовен план, бидете порелаксирани во односот со вашиот партнер.

    Вага

    Доколу денес сакате да ја завршите вашата работа, тогаш е неопходно да бидете тимски играч. На љубовен план, емоциите не ставајте ги во втор план.

    Шкорпија

    Денес ќе бидете во состојба кога ќе мора да ги браните вашите ставови. Па затоа доколку некој ве нападне неправедно, кажете си го своето мислење, затоа што понекогаш молчењето може да биде протолкувано како да ја прифаќате вината. На љубовен план, опуштете се, никој не е совршен.

    Стрелец

    Вие сте личност која и кога прави малку, тоа може да изгледа како многу. Вашата способност е во малите работи, затоа што знаете да ги вреднувате. На љубовен план, најдете време и за саканата личност.

    Јарец

    Со својата работа денес ќе давате впечаток на моќна личност, па затоа и ќе бидете вреднувани од останатите. На љубовен план, партнерот мисли дека не може да одговори на вашето барање.

    Водолија

    Денес нема да бидете посветени на работата, па затоа ќе гледате побргу да ви заврши денот. На љубовен план, без разлика колку години и да имате, вие сте личност која сака семејство.

    Риби

    Денес особено ќе бидете успешни доколку го работите она што го сакате. Затоа не испуштајте ја можноста да го правите она што го сакате. На љубовен план, денес ќе ве понесат љубовта и страста.