×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.5.2020)

    29.05.2020 07:03 | KumanovoNews

     ДНЕВЕН ХОРОСКОП

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.5.2020)

    Овен

    Денес ќе се потпрете на другите за се` во текот на денот. Ова всушност, не наликува на вашиот хороскопски знак. Обидете се да бидете барем малку посамостојни.

    Вие сте знак, кој по секоја цена, сака да биде пример за другите, па така и денес ќе се потрудите да ви се подобрат односите со партнерот.

    Бик

    Денес ќе бидете задоволни со работните обврски, па затоа ќе бидете и поефикасни на работата. Вам саму ви недостига од време на време да го работите она што го сакате.

    На љубовното поле, нема особени промени, освен тоа што ќе бидете малку поемотивни.

    Близнаци

    Денес ќе се обидете на никој да не му дозволите да го расипе планот, односно ќе се борите за она во кое верувате и сметате дека е правилно.

    Добар ден и да се позанимавате со вашата уметничка душа.

    Рак

    Денес работата ќе ви тргне многу полесно, доколку соработувате. Едноставно, денешниот ден не е ден во кој можете да се потпрете само на вашата самостојност.

    Не се соменвајте секогаш во партнерот, понекогаш проблемите доаѓаат од опкружувањето, а не од него или од вас.

    Лав

    Денес кај вас ќе биде особено изразена желбата за патување. Па бидејќи тоа нема да биде во вашата можност, ќе се обидете да излезете и да пропешачите за да си го разветрите мозокот.

    Внимавајте на желбите на вашиот партнер, затоа што тие честопати знаат да бидат нереални и потоа да ви предиизвикаат дополнителни проблеми. Поразговарајте за истото со него.

    Девица

    Во текот на овој ден пред се` ќе имате добра комуникација, па тоа ќе ви овозможи послесно завршување и на работните обврски, но и на семејните. Не заборавајте на златното правило коешто вели дека убавиот збор железни врата отвора.

    Вашиот партнер ќе биде „купен“ од вашиот шарм.

    Вага

    Денеска нема да бидете оптеретени со некоја додатна работа, односно нема ни да размислувате за работата, затоа што ќе сакате да се релаксирате пред викендот.

    Оние кои се зафатени, денес ќе имаат добар однос со партнерот.

    Шкорпија

    Оние хороскопски знаци коишто се занимаваат со каков било начин на продажба, денес ќе им биде олеснета работата од аспект на комуникацијата и желбата за соработка на другите.

    Одличен ден за сите коишто се заљубени, пропратен со страст.

    Стрелец

    Денес ќе бидете некако расеани на работата, нешто што и не е такка карактеристично за вашиот хороскопски знак. Вие најчесто сте организирани и однапред спремни.

    Единствениот начин за да ви тргне на добро на љубовното поле е доколку комуникацијата со вас и вашиот сакан повторно стане забавна и позитивна.

    Јарец

    Иако викендот доаѓа утре, вие уште денес ќе имате чувство дека почнуваат деновите за одмор. Сепак, присоберете си ги мислите и завршете ја работата. Организираноста и посветеноиста ќе  ви помогнат побрзо да се справите со работните обврски.

    Оние коишто се во било каков вид на врска, денес ќе му се посветат на партнерот.

    Водолија

    Петокот е добар ден за да ја затворите работната недела со добра финансиска анализа. Денес седнете и направете си рачун, за да не ве боли глава во текот на наредниот месец.

    Доколку сте слободни денес ве очекува убава комуникација со спротивниот пол, а доколку сте во врска денес ќе сакате да си земете простор само за вас.

    Риби

    Вашиот денешен ентузијазам и мотивираност ќе придонесат за подобра организираност и на другите. Насочете се и кон она што другите го кажуваат и тогаш соработката ќе ви биде и полесна и подобра.

    Не заборавајте да си направите мал план за викенд, со кој ќе си го развеселите вашиот љубовен живот.