×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.7.2020)

    29.07.2020 07:05 | KumanovoNews

      Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.7.2020)

    Овен

    Овој ден ќе го започнете позитивни и ќе си посветите повеќе време на вас и на вашето тело, бидејќи ќе се почувствувате изнемоштено.

    Не заборавајте дека животот е она што се живее додека вие правите планови.  Препуштете ѝ се на интуицијата кога станува збор за љубовта.

    Бик

    Вашето егоистично однесување денеска нема да ви донесе ништо позитивно. Секојдневните обврски не само што ви ја одземаат енергијата, туку и прават да се однесувате несоодветно со колегите.

    Ако сакате нешто да ѝ кажете на саканата личност, тогаш не губете го времето на беспотребни стратегии.

    Близнаци

    Вашата измореност ќе продолжи и денеска. Оваа недела не започна баш погодно за вас.

    Сакате да си ги решите сите љубовни дилеми.

    Рак

    Оставете на времето некогаш да покаже како стојат работите. Денес ќе бидете премногу напнати, па затоа обидете се да стоите на страна при донесување на некои важни одлуки.

    Љубовниот живот има смисла само кога е искрен, не заборавајте на тоа.

    Лав

    Денес конечно ќе успеете да дојдете до некое разрешување на работата и тоа ќе ви донесе олеснување.

    Вашата сакана личност веќе подолго време чека на вашиот сигнал за да се одморите или пак да заминете некаде на одмор.

    Девица

    Вашата наивна природа, понекогаш знае да делува мило, но честопати знае и да ви донесе неволји. Обидете се да бидете помалку наивни.

    Не кријте ги работите коишто ве мачат од саканите личности, бидејќи на тој начин не само што вие се чувствувате несигурни, туку правите и тие да мислат дека имаат проблем со вас.

    Вага

    Овој ден оставете го вагањето на страна и тргнете ја возгордеаноста којашто со денови ја имате, а не сакате ниту да ја забележите. Правилата не се секогаш гаранција дека нештото е така како што вие го замислувате.

    Вашиот љубовен живот почнува да ви станува напорен и монотон. Потребен ви е свеж воздух.

    Шкорпија

    Денес ќе дојде до израз вашата снаодливост, па ќе успеете да се справите со повеќе ситуации на работата или во домот. Не чувствувајте се виновни доколку тоа го искористите за позитивни цели.

    Не губете време на љубовни расправии доколку немате црвста причина за тоа.

    Стрелец

    Иако не признавате, вие и од работата имате одредени очекувања, денес е голема е веројатноста дека малку ќе се разочарате.

    Ако за нешто во љубовта не сте сигурни, тогаш пред да делувате, направете мала анализа.

    Јарец

    Имате чувство дека светот околу вас се менува со брзината на светлината, а вие заостанувате. Затоа денес ќе бидете фокусирани да научите повеќе работи.

    Доколку сметате дека вашата сакана личност не е вашата поддршка којашто треба да ја имате, размислете дали вреди да бидете со неа.

    Водолија

    Ако не се чувствувате добро, не плашете се тоа да им го кажете на луѓето околу вас. Подобро е да бидете искрени, отколку да направите некоја грешка на работата, па за тоа да треба да носите поголема одговорност. Овој ден единствено нешто што ќе му недостига на вашето тело ќе биде добар сон и одмор.

    Денес нема да барате од вашиот партнер одобрување за некои работи, туку сами ќе ги направите.

    Риби

    Не е важно колку падови имате, додека сте во состојба да застанете цврсто на нозете и да се насочите кон вашата идна цел.

    Доколку чувствувате дека немате доволна поддршка од саканата личност, не плашете се да ја побарате. Понекогаш е неопходно на луѓето да им се каже вистината во лице.