30. 06. 2020 08:57

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.6.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.6.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Денес денот нема да тече според вашите очекувања, но тоа не значи дека треба да се повлечете од играта.

Не сфаќате што се случува на љубовниот план, но убедени сте дека кај вас се будат некои нови емоции.

Бик

На професионалното поле, денес работите нема да се одвиваат баш во најдобар ред, па затоа оставете ги главните одлуки за некој друг.

Не можете да се соочите со незаинтересираноста на вашиот партнер, бидејќи вие не сте таква личност.

Близнаци

Работите навистина не се одвиваат според вашите очекувања, но сепак обидете се да бидете пофлексибилни и кога станува збор за некои работи за кои вие мислите дека можат да се направат и подобро.

Слободните припадници на овој хороскопски знак, денес ги очекува пријатен комуникативен ден со нивната сакана личност.

Рак

Не бидете затворени кога станува збор за некој друг професионален ангажман, во животот се учат и работи кои не ни се непознати, но само ако сме заинтересирани и сакаме да научиме нешто ново.

Не дека барате маани, меѓутоа сакате поголема сигурност од вашиот партнер.

Лав

Кога станува збор за работата денес нема да имате особен напредок, освен оние коишто се занимаваат со работа надвор од нашите граници. Нив ги очекува примамлива понуда, за која треба да размислат.

Доколку денес се впуштите во караница со вашиот партнер, очекувајте понегативни последици.

Девица

Доколку сметате дека немате доволно финансии за да си дозволите некоја работа, тогаш не правете си дополнителни трошоци кои можат негативно да се одразат врз вас.

Личноста на којашто се надевате и којашто ви е важна во животот, постојано се покажува во различно расположение.

Вага

На работата сте свесни дека во моментот не можете да дојдете до поголеми финасии и тоа ве прави нервози и покрај објективните причини дека покачувањето е невозможно во овој момент.

Иако барате мислење од вашата сакана личност за некои ваши цели, сепак денес ќе процените дека таа е многу покритична кон вас, во однос на себеси.

Шкорпија

Денес ќе имате можност да се занимавате со нешто кое ве интересира, но од страна на околината ќе имате коментари кои и те како ќе знаат да ви одат на нервите.

Кога станува збор за љубовта, значително ќе бидете посупериорни во однос на вашиот партнер.

Стрелец

Овој ден без разлика дали сте ученик или сте вработен, ве очекува поволен ден  за извршување на работните обврски. Искористете го за на мирен начин да си ги довршите обврските.

Уште стоите на став дека некои работи на љубовното поле мора да ги разрешите.

Јарец

Работата која ја работите не ви носи некое поголемо задоволство овие денови, па затоа денес ќе се обидете на сите можни начини да дојдете до полесен пристап кон работата и побрзо да завршите со обврските.

Денес ќе имате поголема доза на бес и нетрпеливост кон вашиот партнер. Навреме расчистете си ги сметките.

Водолија

Некој денес ќе сака да ви покаже дека работите не се одвиваат како вие што мислите, односно дека имаат и друга страна. Застанете на минут и погледнете од повеќе перспективи, па дури потоа давајте суд.

Партнерот знае дека сте љубител на слободата, па истата ви ја дозволува и вам.

Риби

Вие ги добивате најголемите заслуги на работата, но тоа е поради вашата способност. И покрај тоа, вие имате грижа на совест поради вашите колеги, па „колачот“ го делите со сите.

Денес ќе се обидете да бидете поотпорни на некои работи кои вашиот партнер ги прави, а претходно ве „вадеа од кожа“.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk