×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (5.5.2020)

    05.05.2020 06:53 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (5.5.2020)

    Овен

    Вашата тврдоглавост денес ќе дојде до израз и тоа ќе предизвика непријатни реакции кај луѓето од вашата околина. Обидете се да бидете повеќе адаптибилни. Вашиот партнер очекува да ве види и насмеани.

    Бик

    Секојдневните грижи се забележуваат на вашето лице. Не сакате да комуницирате со останатите и барате изговор за се'.

    Љубовта не подразбира вашиот партнер да ве трпи секогаш кога сте нервозни, туку да се потрудите и кога сте нервозни, заради него треба да се потрудите да бидете повесели.

    Близнаци

    Почетокот на овој месец ќе ви донесе одредени несогласувања со луѓето околу вас, кои делумно ќе ги предизвикате и вие поради вашите негативни коментари.Вашиот партнер е среќен кога сте среќни и вие, не му го одземајте тоа ниту на него, а ниту на вас.

    Рак

    Ако ги затворите очите пред нешто, тоа не значи дека тоа не постои. Доколу пред вас се наоѓа некој проблем не ставајте го под тепих.Ако нешто ви пречи кај вашиот партнер, поразговарајте со него за тоа, а не однесувајте се  како тој да не постои.

    Лав

    Вашата своеглавост денес може да ви се удри од глава. Не летајте доколку навистина немате крила.Иако на ум имате се' и сешто што сакате да му кажете на вашиот партнер, најпрво размислете дали е тоа правилно.

    Девица

    Вашата наивност ќе дојде до израз и овој ден, заради што ќе се прекорите и ќе размислувате за тоа како да бидете поостри.Вашето семејство ви е најважно, па затоа денес утехата ќе ја барате во нив.

    Вага

    Без разлика што и да ви се случува деновиве, вие сте сосема свесни дека се' на овој свет што имате е вашето семејство и токму поради нив ќе бидете посреќни.Заборавете на претходните кавги со саканата личност и обидете се да најдете некој заеднички почеток.

    Шкорпија

    Ако некој не ве сфаќа што сакате, тоа не значи дека тој е неспособен за тоа, туку дека не сака да ве сослуша. Борете се за она што сакате да го добиете.Посветете се и на себеси, а не само на другите, така и другите ќе почнат да го вреднуваат вашето мислење.

    Стрелец

    Иако верувате дека овие денови правите се' како што треба, ѕвездите "ве советуваат" да си ги преиспитате вашите одлуки.Никој на овој свет не знае се' и не треба да биде возгордеан заради тоа што понекогаш е во предност во однос на другите.

    Јарец

    Обидете се да најдете начин да ја исфрлите негативната енергија која ви се има насоберено деновиве, затоа што ве влече кон дното.Секојдневните грижи не префрлајте ги секогаш на грбот на другите, одговорноста треба да биде поделена.

    Водолија

    Овој ден посветете го она што вие навистина го сакате, односно на нешто кое што вам ве прави задоволни, затоа што депресивноста се' повеќе ве влече кон дното.Сосема е и ред да разговарате со блиските, доколку се чувствувате изнемоштени.

    Риби

    Овој ден работите нема да зависат само од вас, па затоа ќе мора да соработувате и со другите. Не бидете инаетливи. Без предрасуди сослушајте ги и другите.