Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Убиството и самоубиство на Ксенија Пајчин и Филип Каписода билe извршени со пиштол марка ЦЗ М-88 со калибар 9 мм, купен "на улица" за 50-60 евра.
Како што пишува белградски „Блиц“ Филип Каписода немал намера да ја убие пејачката. Оружјето било пронајдено до десната рака на манекенот.
Изненадувачки било што влезната рана на челото на Ксенија е поголема од излезната, што со овој тип на пиштол е речиси невозможно, објасниле експертите и додале дека тоа е можно само ако Филип во моментот на активирањето удрил со цевката од пиштолот во челото на Ксенија.
„Тоа е речиси сигурен доказ дека тој немал намера да ја убие, но дека тоа го направил во голем афект и лутина“ - изјавил извор близок до истрагата.