Финалето на Рок-фест на 30 април
20.04.2010 09:29
| KumanovoNews
Во сабота ќе се одржи последна квалификациска вечер на „Рок-фест 2010„ на која ќе настапи и кумановски рок бенд Complex Disorder. Финалето на фестивалот ќе се одржи на 30 април.

Менувањето на предвидените датуми дојде поради тоа што во саботата беше Ден на жалост. Поради тоа беа откажани повеќето културни манифестации во државава, вклучувајќи ја и третата квалификациска вечер на „Рок-фест„.
Освен натпреварувачката вечер, викендов ќе се одржи и ревијалниот настап на учесниците.