08. 02. 2010 13:03

Катарина Радивојевиќ и Сергеј Трифуновиќ во „Сина крв“

Катарина Радивојевиќ и Сергеј Трифуновиќ во „Сина крв“

Дебитанскиот филм „Сина крв“ на режисерката Маја Узелац ќе почне со снимање во јуни. Маја ја комплетираше поделбата на улогите за својот прв игран филм, а во главните улоги ќе бидат:  Сергеј Трифуновиќ, Јована Стипиќ, Јелена Гавриловиќ и Катарина Радивојевиќ.

Дејството на филмот „Сина крв“ се одвива во Белград, а се работи за две жени кои се борат за љубовта на еден маж. Симболично тој е Бранковиќ, а тие Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, две спротивставени страни. Во комбинација со вестерн, комедија и мелодрама во која ривалството помеѓу жените ескалира и филмот добива неочекиван заплет.

Останатиот дел на актерската екипа го сочинуваат Данијела Врањеш, Анѓелија Вујовиќ, Маша Дакиќ, Ана Јовановиќ, Софија Јурицан, Сузана Лукиќ, Јоана Кнежевиќ и други.

Филмот ќе се работи во продукциската куќа „Филм Фатал“.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk