×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лејди Гага освои три Британски награди

    17.02.2010 13:58 | KumanovoNews

    Ексцентричната американска пејачка Лејди Гага триумфираше на доделувањето на британските музички награди со три освоени трофеи.

    Лејди Гага освои три Британски награди

    Лејди Гага освои награди во категориите најдобра интернационална пејачка, најдобар интернационален албум и меѓународно откритие на годината.

    Лили Ален е победник во категоријата најдобра британска пејачка, додека групата Флоренс енд  Машин доби награда за најдобар британски албум. Во категоријата најдобар интернационален пејач, победи американскиот рапер Џеј - Зи.

    Групата Џеј ел ес освои две награди, за британско откритие на годината и најдобар сингл. Групата Касабиан прогласена е за најдобар британски бенд, а поранешниот член на групата Тејк Дет, а сега соло пејач Роби Вилиамс доби специјална награда за допринос во музиката.