×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марио Балотели и Рафаела Фико чекаат бебе

    03.07.2012 07:56 | KumanovoNews

    Марио Балотели ќе стане татко е веста која што деновиве одекна по медиумите. Рафаела Фико е манекенката со која фудбалерот Балотели неодамна ја прекина врската, но пред неколку дена таа во јавноста беше фотографирана со труднички стомак.

    Марио Балотели и Рафаела Фико чекаат бебе

    Парот неколку месеци бил во љубовна романса, но нивната врска ја прекинале наводно по иницијатива на Рафаела бидејќи дознала дека фудбалерот на Манчестер Сити ја изневерувал со ,,Деловната придружба“. И покрај прекинот на врската Рафаела на едно хуманитарно случување во Рим е фотографирана со нејзиниот труднички стомак кој јасно се надѕира под белата маичка.

    За ексклузивните фотографии се вели дека откако не биле успешно продадени на таблоидите од страна на учесници на италијанскиот Голем брат, Рафаела самата ги објавила.

    Овие фотографии во јавноста се појавија токму на денот кога репрезентацијата на Италија го одигра финалниот натпревар на ЕУРО 2012 против Шпанија. Овој пат головите на Балотели не се во центарот на вниамнието туку неговата нова улога татковството. Демант или потврда од фудбалерот сеуште нема но претпоставката дека тој е татко на детето сеуште е присутна. Ќе го видиме ли Балотели наскоро во улога на младоженец ќе покаже времето.