×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен видео записот за првата песна на кумановскиот бенд KØMMA

    10.06.2021 19:44 | KumanovoNews

    „Боље човек“ е првата песна на кумановскиот бенд KØMMA, основан од младите музичари Алек Димитриевски и Павел Јаневски.

    Објавен видео записот за првата песна на кумановскиот бенд KØMMA

    Инспирирација за овие млади кумановци да направат нешто ново на локалната музичка сцена се темите и дилемите на дваесеттите години од 21-от век.

    „Почетната идеја за „Боље Човек“ дојде од самата помисла дека многу луѓе, посебно адолесценти, поминуваат многу време споредувајќи се и пробувајќи да бидат подобри од останатите. За мене лично, споредувањето со други луѓе е погрешно. Сметам дека единствена личност со која еден млад човек треба да се споредува е онаа кој тој самиот бил вчера, пред месец дена, пред една година и сл. Од тука, песната опфаќа и обработува различни теми за растење во мал град, скромност, селење во странство, спомени од родниот крај, носталгија итн. Од друга страна, „Боље Човек“ е една од оние песни кои некако природно ни дојдоа и реално не требаше многу време за целосно да се завршат“,  велат Алек и Павел.

    Спотот премиерно беше објавен на 6. јуни на платформата Youtube, каде што овие креативни луѓе можат да се видат во нивниот полн колорит, и покрај црно-белата естетика.

    „Премногу сме задоволни како е прифатена песната. Иако сме на само околу 2000 прегледи, добивме преубави коментари за песната и реално тоа ни значи најмногу. Нема поубаво чувство за музичар од она кога човек што не го познаваш ќе ти пише дека цел ден ја пее песната што ти ја имаш направено“, додаваат младите музичари.

    Тие моментално работат на вториот сингл кој треба да излезе за една до две недели и на нов албум „Силуети“, кој се очекува на почеток на септември.

    (Сара Ѓорѓиоска)