25. 07. 2020 13:37

Пет вида на пријателки кои треба да ги има секоја жена

Пет вида на пријателки кои треба да ги има секоја жена

„Жената е единственото суштество кое може да плаче и да се смее за иста работа, а честопати и во исто време“, рекол еден од најпознатите комедиографи на светската книжевност, Жан Баптист Молиер.

Не бил далеку од вистината, ова е една од најчестите причини кои ги наведуваат мажите кога велат дека не можат да ги разберат жените. Што сака жената, е прашање на кое се обиделе да одговорат врвни психолози, психотерапевти, книижевници, филозофи, теоретичари и се разбира нивните сопрузи. Но, целосен одговор се` уште нема. Жените, иако се најголем дел од времето во конфликт со некоја друга жена, сепак тие меѓусебно се разбираат најдобро. Зарем познавате некоја жена која не ѝ ги кажала своите проблеми, недоумици или размисли на нејзината пријателка, сосетка или пак мајка? Пријателките се оние кои оставаат најдлабок траг во животот на жените.

Пет вида на пријателки кои секоја жена треба да ги има:

1. Пријателка која знае да слуша

Најчестиот проблем на денешницата се пријателите кои не знаат да слушаат. Тоа се оној тип на луѓе кои секогаш имаат нешто да кажат и секогаш се некој вид на „жртва“, а доколку некој се обиде да дојде до својата тема за разговор, тогаш тие знаат дрско да го прекинат и повторно да се стават себеси во фокус. Токму поради ваквите пријателки, кои сите ги имаме, треба да знаете да ги вреднувате оние другите, мирни и ненаметливи, оние кои секогаш ви креваат на телефон кога ви е тешко и со саати ги слушаат вашите маки, па макар и да немаат решение за нив.

2. Пријателка којашто ви е како сестра

Ваков вид на пријателства се оние кои траат речиси цел живот. Оние со кои сте израснале, сте делеле средношколски денови или сте работеле долго време со нив. Овие луѓе ве познаваат многу подлабоко и од вашето семејство и без разлика дали подолг временски период сте биле или не сте биле во контакт, тие секогаш кога ќе ве видат ќе се однесуваат како вчера да ве виделе. Тоа е личноста која никогаш не се става себеси во прв план. Најчесто и знае да ви ги каже сите работи во лице, без разлика дали тоа вие се допаѓа или не.

3. Пријателка која има слични интереси со вас

Ова се најчесто пријателки со кои можете да разговарате и да дознаете повеќе за она што ве интересира, без разлика дали станува збор за јога, спорт, образованние итн. Овие се личностите коишто ви се потребни кога сакате да поразговарате и за нешто друго освен за приватниот живот. Пријателки за времето кога ви е преку глава од љубовните, професионалните и семејните маки.

4. Пријателка која е спремна да ризикува за вас

Овој вид на пријателки се ретки, затоа доколку ја имате чувајте ја покрај себе. Ова се личностите кои би го довеле и својот начин на живот и својот опстанок во прашање, само за да ви помогнат кога ќе се најдете во незавидна ситуација.

5. Колешка од работа која ви станала пријателка

Овој вид на пријателства најчесто започнуваат на два начини: кога доаѓате на работното место некој ве прифаќа на самиот почетокот или воопшто не ве прифаќа, па потоа станувате најдобри пријатели или пак сосема обратно вие сте постарата колешка кај која доаѓа нов вработен. Овие пријателства честопати знаат да бидат напорни, додека да се забележи дека ниту едната на другата не си претставуваат закана и не си посакуваат лошо. Најчесто овој вид на ппријателска се формира на почетокот или подоцна кога една од двете колешки ќе ѝ се најде на другата во работата.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk