×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Родители, во играта бидете дете со вашето дете

    06.05.2020 19:10 | KumanovoNews

    Поради коронавирусот децата постојано се дома и сосема е нормално да им недостасува комуникацијата со останатите деца.

    Родители, во играта бидете дете со вашето дете

    Нивните пријателства или пак игри се сведоа на комуникација и интеракција само во кругот на семејството. Децата кои најголем дел од времето сакаат да го поминат надвор трчајќи и играјќи фудбал или ластик, сега се приморани најголемиот дел од времето да го поминуваат помеѓу четири ѕида.

    Тие, единствено, можат да се видат како пазарат со родителите по маркетите, секако на растојание од другите луѓе, но и тука нивното излегување е сведено на минимум, заради стравот да не бидат заразени.

    Кога ќе излезам надвор? Кога ќе престане вирусот? Зошто не можам да одам во игротека? Зошто не можам да се играм со другарчињата? Зошто постојано сите се нервозни? Зошто сите носат маски?, се само дел од прашањата кои ги потенцираат мајките, кои мора речиси постојано да ги одговараат, а децата ретко кога се задоволни од одговорите.

    Единствената работа која на родителите во овој момент им останува е да бидат пријатели на своите деца.

    - Како треба да се однесува еден родител со детето

    Кога детето ви поставува сериозни прашања, бидете и вие сериозни со него

    Многубројни психоаналитички истражувања велат дека говорите на децата, најчесто до четвртата година се испразнети од значења, бидејќи тие не се влезени во говорот. Но, тоа се однесува на нив, а не и на вас. Вие сте вцозрасна личност од која се очекува соодветен одговор, доколку детето се потрудило и на тој „детски говор“ да му даде значење. А тоа сѐ повеќе се случува во пандемијата, децата од сосема безначајни говори од секојдневјето како да станаа експерти за најтешките прашања. Кризата влијае на секој еден поединец.

    Не се обидувајте да се натпреварувате со неговиот пријател, туку кажете му дека ќе се обидете да бидете неговата најдобра замена

    Децата сериозно сфаќаат кога ќе им речете дека пандемијата ќе помине „уште малку“, така што тие и „уште малку“ ќе сакаат да си ги видат своите пријатели. Затоа понудете им се како нивна замена. Секако дека родителите се зафатени со обврските, но зарем има поголема љубов од онаа кон детето? Но, за да бидете негова најдобра замена, потсете се како било кога вие некогаш сте биле дете. Влезете во чевлите на детето и чекорете по неговите стапки. Веројатно ќе се сетите дека порано врз лист од блок број 2 наместо боење се лепеа камчиња, пченка, школки итн. и се создаваше свој свет. Покажете му го тоа на детето, работете на развивање на неговите когнитивни способности.

    Побарајте ја мајката на некое од неговите пријатели за да ви го даде детето на телефонот и да си разговараат

    Оставете ги да уживааат во едноставноста на нивните разговори. Или пак ако станува збор за помало дете кое нема стекнато многу пријатели, јавете се на некоја ваша блиска личност со која имал чест контакт и оставете ги да разговараат.

    На крајот од денот, погледнете со вашето детет некој убав цртан или пак прочитајте му бајка пред спиење

    Со ова не само што му го правите денот поинтересен, туку придонесувате детето да не се чувствува осамено и да се чуствува емоционално стабилно.