Северина и Бебек најавија нов дует
        10.12.2012 09:48
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Хрватската пејачка Северина Вучковиќ наскоро треба да го претстави нејзниот нов албум насловен „Добродошао у клуб“, кој ќе излезе во средината на овој месец, а на истиот ќе се најдат 14 нумери.
                  Еден од гостите на новиот албум ќе биде и легендарниот Жељко Бебек, со кој Северина ја сними дуетската нумера „Танго“.
Инаку, поранешниот пејач на бендот Бијело Дугме, го претстави неговиот нов албум „Кад пољубац помијешаш с вином“. Дуетот „Танго“ ќе се најде и на албумот на Бебек.
Северина и Бебек веќе соработуваа во далечната 1998 година, кога ја снимија песната „Растајем се од живота“. Во продолжение да се потсетиме на нивниот прв дует.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



