09. 11. 2020 08:29

Сезона на мандарини и портокали - јадете ги почесто

Сезона на мандарини и портокали - јадете ги почесто

Алтернативната медицина, во последните години постојано го потенцира фактот дека ние сме она што го јадеме, односно дека начинот за да превенираме некое заболување или да спречиме е да се вратиме на правилниот начин на исхрана.

Токму затоа се препорачува да јадете почесто овошје, а портокалот и мандариите се овошје кое го подобрува имунолошкиот систем, а воедно и го прочистува целиот организам.

* Здравствени придобивки од косумирање на портокал:

1. Подобрување на имуниот систем

Витаминот Ц го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца, што пак го зголемува, односно подобрува имунолошкиот систем.

2. Заштита од артритис

Антивоспалителните својства кои ги содржи ова овошје, помагаат во превенција и полесно справување со артритисот.

3. Здрави заби

Докторите препорачуваат да се консумира портокалот, затоа што поголемото количество на калциум кое го содржат помага во оддржувањето на здравите заби.

4. Заштита од камен на бубрег и чир

Големото количество на растителни влакна во портокалот, помагаат за заштита од ова заболување.

4. Му дава здрав изглед на лицето

Доколку погледнете ќе забележиме дека речиси сите козметички производи содржат витамин Ц. Овој витамин помага во формирањето на колагенот, кој пак како што се старее се намалува и придонесува кожата да изгледа поизморено и да и` се изгуби еластичноста.

5. Против опаѓање на косата и првут

Комбинацијата од витамин Ц и биофлавоноиди во портокалите ја зголемува циркулацијата и протокот на крвта до скалпот и придонесува за поинтензивен раст на косата. А пак доколку имате проблеми со постојано појавување на првут, тогаш можете да направите каша од портокал која можете да ја нанесете на скалпот.

6. Здрава и сјајна коса

Бидејќи портокалите содржат и количество на витамин Ц, Б12 како и витамин Е, истото придонесува за создавање на посјајна и побујна коса.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk