Таневски ќе се претстави во Босна
11.03.2010 17:30
| KumanovoNews
Ѓоко Танески заедно со дел од својот тим викендов ќе гостува во Сараево. Таму ќе биде гостин на националната босанска телевизија во емисија што директно ќе се емитува, а ќе биде промовирана и песната на нивниот евровизиски претставник Вукашин Брајиќ.

Во студиото, Ѓоко ќе биде заедно со евровозиските претставници на: Србија, Хрватска, Полска и Ирска, како и со минатогодишниот победник на Евросонг.