×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Видови сладоледи кои треба да ги пробате

    11.08.2021 12:13 | Сара Ѓорѓиоска

    Има многу начини за избегнување или полесно поднесување на летните горештини, но најслаткиот сигурно е сладоледот. Разгледајте ги различните видови сладоледи ширум светот и најдете инспирација за наредната блага епизода летово.

    Видови сладоледи кои треба да ги пробате

    Мочи сладолед, Јапонија

    Локалниот јапонски десерт мочи во комбинација со сладолед создава ново ниво на слатко задоволство. Сладоледот се става внатре во оризовите, пастелно обоени лепливи колачиња, кои што отпосле се прекриваат со шеќер во прав.

     Ајс Кацанг, Малезија

    Сладоледот е малку поразличен во Малезија; Наместо кремастата структура која добро ја знаеме, луѓето во Малезија имаат Ајс Кацанг, што всушност претставува грутка лед врз која се редат најразлични додатоци, како слатка пченка, сецкано овошје, алое вера,
    кондензирано млеко, јаткасти плодови и најразлични слатки сирупи.

    Алва сладолед, Израел

    Ако се најдете во Израел, нарачајте си алва сладолед и сигурно нема да погрешите. Алвата, која на нашите територии е познато и често благо послужено на трпезите, делува како совршна состојка за мешање со сладолед. Кремастата паста и освежувачкиот вкус на
    сладоледот би биле одлична комбинација.

    Дондурма, Турција

    Традиционалниот турски сладолед, дондурма, воопшто не личи на регуларниот сладолед кој ни е познат. Турската варијанта има поцврст и растеглив состав, наспроти кремастата текстура на обичниот сладолед. Уличните слаткари често прават забавно шоу од
    купувањето дондурма, демонстрирајќи ја на дело флексибилноста на традиционалниот сладолед, и покрај толку вртење, да остане на крајот на долгото стапче со кое се сервира.

     Шпагетиајс, Германија

    Шпагетиајс е интересен изум на Германците и се прави така што сладоледот од ванила се става во посебна машина од која излегуваат сладоледни лентички, налик шпагети, кои се украсуваат најчесто со сируп од јагода.