Мени

Здравко Чолиќ пееше во Сараево

01.08.2010 08:51 | KumanovoNews

Најголемата балканска поп ѕвезда Здравко Чолиќ, синоќа одржал спектакуларен концерт на стадионот Кошево во Сараево. Над 50 иљадната публика со овации го дочекала некогашниот сограѓани, кој изјавил дека е пресреќен што се вратил во својот роден град да се забавува со својата „раја„.

Здравко Чолиќ пееше во Сараево

 Како пренесуваат медиумите , популарниот пејач го отворил концертот со баладата „Синоќ ниси била ту„ , а потоа следувале големите хитови. Во настапот на Чолиќ, како по обичај, најмногу уживале жените, кои хорски ги пееле неговите омилени песни. Музички гости на концертот биле инструменталистот Никша Братош и Дино Мерлин.

Спектаклот на Кошево завршил на обострано задоволство на публиката и Чолиќ.

Поради големиот интерс за концертот, во продажба биле пуштени дополнителни 3.500 влезници. Бината била поместена за да се добие повеќе простор за посетителите.