21. 03. 2011 17:47

Жељко и Јована раскинале две недели после веридбата

Жељко и Јована раскинале две недели после веридбата

Жељко Јоксимовиќ и Јована Јанковиќ ја прекинале љубовната врска. Пред петнаесет денови е ставена точка на една од најубавите љубовни приказни која траеше скоро три години. Ниту веридбата ниту заедничката желба да својата љубов ја крунисаат со брак, не ги надмина проблемите кои владееја последните месеци во нивната врска.

Кога во саботниот концерт во Вараждин, Жељко ја пееше песната „Љубави“ на неговото лице се приметила тага, а крај бината ја немаше Јована која секогаш го пратела на концертите.

После настапот Жељко давал автограми на обожавателите, се сликал со луѓето кои го сакаат, а најтешко му било кога неколку девојки пришле и подариле подароци за Јована.

Подарете го оваа на вашата вереница и поздравете ја - рекле девојките на што Жељко само длабоко воздивнал.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk