×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Информативен текст не смее да биде употребен за навредливи коментари

    27.06.2020 20:42 | KumanovoNews

    Пишува: Жаклина Цветковска

    Рецензираме текст со тенденциозен наслов „„Заевизмот“ го префатил и Сугарески“ , објавен на порталот lider.com.mk, на 26.06.2020 година, кој е полн со навредливи коментаторски забелешки и непотврдени констатации. Објавата наликува на информативно пропагандна кампања од непотпишан автор.

    Информативен текст не смее да биде употребен за навредливи коментари

    Самиот наслов „„Заевизмот“ го префатил и Сугаревски“ е коментар, употребен е како синоним за изнесување лаги и е личен став на авторот, што е недозволиво во информативните жанрови. За вест во која се соопштува за посетата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и техничкиот премиер Оливер Спасовски на општина Арачиново, макар и да е дел од политичката кампања, мора да бидат запазени критериумите на информативност и соодветност на насловот, кој ќе ги упати читателите на содржината на текстот, што во овој случај не е направено. Особено, што текст на порталот е сместен во информативната рубрика, а не во делот на колумни, кој е јасно издвоен.

    Во овој текст се губи границата помеѓу веста и коментарот, иако тие се издвоени во одделни пасуси, но без почитување на новинарските правила за информативно известување, со што е прекршен членот 13 од Кодексот на новинарите на Македонија, кој гласи:

    Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

    Авторот има право на кометар и личен став во однос на информативните, па и предизборни случувања, користење на изјави, аргументи и противаргументи, но само доколку е јасно назначено дека се работи за коментаторски текст, по претходно објавена вест, што со оваа објава не е сторено.

    Понатаму, по изјавата на Сугарески дека во целата држава во последните 30 години се нема изградено, како што се гради во делот на инфраструктурата во овие 3 години, непотпишаниот автор коментира: „Изјави и остана жив. Изгледа и него го префатил „заевизмот“, што се дефинира како кажи, излажи негирај.Сега не е прашањето кога ќе го негира тоа што го изјавил, зашто бројките што самиот ги наведува го демантираат“,… „А тврдењето дека за две и пол години се изградило повеќе од цели претходни 30 години е токму за во кампања. Гола вода….Ако реално се погледаат работите, Сугарески нема да може да искречи толку колку што се има изградено за изминатите три децении…“.

    Изнесените тврдења не се поткрепени со факти и аргументи и содржат лични навреди кон јавен функционер. Истите се пристрасни, имаат елементи на навивачко новинарство и не е одржана професионална дистанца од политичкиот субјект, со што е прекршен членот 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.

    Во текстот има елементи и на прикривање на информации, со издвојување на факти што му одговараат на авторот. Не се пренесени изјавите на Сугарески во кои тој зборува за целокупните  инвестиции во изминатиот период, нивната вредност и идните проекти планирани за Арачиново, туку се спинува и извртува информацијата. Целта не е да се информира, туку да се подметнува и да се создава сомнеж кај гласачкото тело за постапките на политичките противници.

    Дури и фотографијата со која е придружен текстот не е од местото на настанот, туку од општина Свети Николе, што може да се види од информативната табла.

    Медиумскиот производ прекршува и еден од принципите на однесување од Кодексот на новинарите на Македонија:

    Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.