×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанушев и Заев не зборуваат за иста делница на патниот правец Ранковце-Крива Паланка

    23.06.2020 15:08 | KumanovoNews

    Пишува: Жаклина Цветковска

    Игор Јанушев, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, во online партиско соопштение од Крива Паланка, објавено на 22.06.2020 година на неговиот фејсбук профил, го обвинува СДСМ дека промовира успешна изградба на експресен пат на делницата Ранковце-Крива Паланка, додека одвивањето на градежните работи, според негови неофицијални извори, е проблематично.

    Јанушев и Заев не зборуваат за иста делница на патниот правец Ранковце-Крива Паланка

    Обраќајќи им се на граѓаните, тој се повикува на посетата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалниците на Крива Паланка и Ранковце, остварена на 21.06.2020 година, на завршните активности од реконструкцијата на магистралниот пат Ранковце –Крива Паланка.

    Во овој случај, станува збор за  два сосема различни и одвоени проекти на истата делница, кои се реализираат истовремено, а кои Јанушев ги става во ист контекст. Додека СДСМ промовира еден проект, Јанушев зборува за стопирање на сосема друг проект, тврдејќи дека тој е цел на промоцијата на владејачката партија.

    Со својата изјава, Јанушев ја извртува вистината и може да ја наведе  јавноста на погрешен заклучок дека не се реализирани никакви инвестиции во патната инфраструктура на овој патен правец. Тој ја изоставува информацијата дека целта на посетата и промоцијата на раководството на СДСМ е реконструкцијата на постоечкиот магистрален пат А2 на делницата Ранковце-Крива Паланка, чија реализација е во завршна фаза. Наместо тоа, во овој контекст тој се осврнува на сосема друг проект – експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој е нова патна инфраструктура, во фаза на изградба и не е повод за посетата на раководството на СДСМ.

    Експресниот пат, кој што вчера го промовираа,кој што се однесува на рутата од Страцин до Крива Паланка, имаме неофицијални информации дека всушност изведувач-странската компанија која што  го работи овој пат, незадоволна од Владата на СДСМ се повлекла, дека ги повлекла машините и  впрочем дека не се одвива никаква градежна офанзива на овој пат и дека проектот впрочем е и прекинат, изјавува Јанушев, обвинувајќи го СДСМ дека се дрзнал да промовира проект за кој што знаат дека има проблеми и ветувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши проектот кој што самиот го почнал со инвестиција од 4,8 милијарди денари.

    Од информацијата на МИА, се гледа дека челниците на СДСМ посетиле и промовираат сосема друг проект – Реконструкцијата на постоечкиот магистрален пат Ранковце-Крива Паланка, во должина од 21 км, во кој се вложени 2,6 милиони евра и кој финишира со реализацијата.

    Кризата со Ковид-19 не ги попречи капиталните инвестиции во државата,напротив, имаме забрзано темпо на изградба. РСМ се поврзува и внатрешно и кон соседните земји, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев,кој заедно со потпретседателот на партијата и носител на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски, извршија увид во завршните активности за реконструкција на патниот правец Ранковце-Крива Паланка, пренесува МИА.

    Во пренесената информација никаде децидно не е наведено дека се промовира  експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.

    Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е сосема друга тема. Јанушев во својата изјава се потпира единствено на неофицијални извори за стопирањето на градежните работи, без изнесување на факти и релевантност на информациите, што би било предмет на дополнително истражување.