×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажна е веста дека Ден Дончев е уапсен

    26.06.2020 20:37 | KumanovoNews

    Пишува Мирослава Бурнс

    Лажна е веста дека екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев е приведен или уапсен како што објави Лидер. Со бомбастичен наслов ,,ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција,, лажно се тврди дека Дончев бил уапсен и тоа од секторот за организиран криминал.

    Лажна е веста дека Ден Дончев е уапсен

    Како што официјално соопштија од МВР, Д.Д. бил уредно поканет со покана за разговор во полициската станица Карпош. Тој уредно самиот се пријавил и по извршениот разговор си заминал.

    Оттука неточно е и тврдењето изнесено во текстот што го рецензираме, дека Дончев ,,се очекува по распитот да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија,,.

    И самиот Дончев изјави дека е со семејството, дека не е уапсен и најави тужби доколку порталите што ја објавија дезинформацијата, истата не ја повлечат.

    Во написот што го рецензираме е прекршен членот 1 од Кодексот на новинарите кој налага новинарите да ја проверат информацијата колку што е можно, да објавуваат само точни и проверени информации.

    Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

    Има голема разлика од уредна покана во полициска станица за разговор, до апсење и изведување пред истражен судија. Во официјалното соопштение од МВР нема ниту  причини за разговорот во полициската станица, а во текстот што го рецензираме тие се сугерирани без да се наведе дали се работи за шпекулација.