×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Луѓе што не примиле решение за сообраќаен прекршок, ставени на тапет како ,,избегнувачи на изолација”

    22.06.2020 14:55 | KumanovoNews

    Пишува: Мирослава Бурнс

    На порталот ,,Лидер” на 22 јуни во 12 часот и 15 минути, објавен е текст со наслов ,,Јавно се објавени: Ова се лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација”. Во насловот и во првиот воведен пасус од текстот односно поднасловот, се тврди дека Министерството за внатрешни работи го објавило списокот на оние лица кои одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација.

    Луѓе што не примиле решение за сообраќаен прекршок, ставени на тапет како ,,избегнувачи на изолација”

    Но, ова воопшто не е точно. Од страна на МВР е објавен список на 35 лица со име презиме и адреса, кои во 2019 година направиле некаков прекршок поврзан со сообраќајот што се гледа и од следниот извадок од самиот напис:

    Врз основа на член член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Одделението за прекршоци Скопје  5, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава.

    Во јавната објава на МВР, до секое од 35 те имиња на лицата до кои се доставуваат решенија, стои дека истите се за прекршоци извршени во 2019 година, кога коронавирус воопшто немаше, како што немаше ниту решенија за изолација.

    Оттука прекршен е членот 1 од Кодексот на новинарите во делот дека новинарот треба да објавува точни и проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи и дека точноста на информациите треба да се провери колку што е тоа можно. Во самиот текст е објавен повикот во кој е очигледно дека станува збор за прекршоци од 2019 година, а не за решенија за изолација од јуни 2020 година.

    Понатаму, покажано е елементарно непознавање на тоа кој орган ги издава овие решенија за изолација. МВР воопшто не би можело да објави список на лица кои одбиваат да бидат во изолација, од причина што тие решенија не ги издава полицијата, туку Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Комплетно е индикативно објавувањето на оваа листа во контекст на коронавирусот, со оглед на тоа што ДСЗИ веќе информираше дека 450 решенија останале неподелени, а во листата на МВР има само 35 имиња, па оттука забуната не би можела да се случи, особено доколку се работи за некој што ја следи проблематиката.

    Со објавувањето на оваа листа во контекст на коронавирусот, направена е енормна лична штета на посочените лица, кои може да се соочат со недоразбирања и непријатности. Дезинформирана е и јавноста.