×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мешање на топоними во изборни цели

    24.06.2020 20:09 | KumanovoNews

    Пишува: Билјана Т. Димко

    На порталот „Курир“ на 23.06. 2020 е објавен текст со наслов: „СРАМНО: Жителите на Средно Нерези извисени од Богоев и Весковски- наместо вода за нив, предизборно вода ќе добијат сосема други жители’’.

    Мешање на топоними во изборни цели

    Во текстот наведува следното тврдење:

    Откако речиси три дена за време на последниот викенд полициски час останаа без вода за пиење тие повторно останаа извисени од градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев и директорот на Водовод и канализација Душко Весковски.

    Месната заедница на жителите им одговорила дека водоводнатa мрежа  е за жителите од  Горно  Нерези, а не за жителите од Средно Нерези.

    Подолу во текстот се наведува:

    Сепак жителите тврдат дека директорот и градоначалникот предизборно на сосема погрешно место ќе градат нова водоводна мрежа со што нивниот проблем нема да биде решен.

    На 11.06.2020 на повеќе портали беше објавена веста дека почна изградбата на нова водоводна мрежа во Средно Нерези и оваа информација може исто да се прочита и на официјалната страница на Општина Карпош дека станува збор за Средно Нерези, каде стои изјавата на градоначаникот Богоев:

    Водоводната мрежа опфаќа 14 краци и е со вкупна должина од 2.500 метри. Тука навистина постоеше потреба од дополнителна водоводна мрежа, со цел подобро водоснабдување за граѓаните од Нерези. Локалната самоуправа продолжува со одржување на постоечката инфраструктура, но и развој на нова сообраќајна, канализациона и водоводна мрежа во периферните делови. Развојот на периферијата е клучен за да се „ослободи“ урбаното јадро и да се развива Општината во сите аспекти.

    Објавени се фотографии од првичната вест кога беше објавено дека започнала изградбата на новата водоводна мрежа, а изборите се користат како евентуална манипулација со жителите.

    Но, сега е во тек кампањата за парламентарни избори, а конкретно проблемот со водоводната мрежа е надлежност на локалната самоуправа.