×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ПОРТАЛ БЕЗ ДОКАЗ ГИ ОБВИНУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

    25.06.2020 20:18 | KumanovoNews

    Пишува: Жаклина Цветковска

    Порталот dokazmakedonija.mk, на 24.06.2020 година, објави текст со наслов „На Брусалица капиталната инвестиција, растурање на постоечки проекти, овде уништување на игралиштето за голф“,  кој е конфузен и целосно неразбирлив за пораката што ја праќа.

    ПОРТАЛ БЕЗ ДОКАЗ ГИ ОБВИНУВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

    Доколку не се познава локалниот контекст не може да се сфати за што се работи и на што се реагира.

    Станува збор за проектот „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како  превенција за здравјето“, кој се реализира во соработка со општина Крива Паланка, преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион и Фондацијата „Профилактика за здравје“ од Благоевград, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу  Бугарија и РСМ. Меѓу останатите активности, со проектот се предвидени изградба на мини голф игралиште и фитнес зона на кејот на Крива Река, прилагодени и за лицата со попреченост- информација што е објавена и на веб страницата на општината krivapalanka.gov.mk.

    Насловот, како и целиот текст што се содржи од една реченица, е коментар и нема информативни карактеристики. Всушност, текстот почнува со насловот „На Брусалица капиталната инвестиција, растурање на постоечки проекти, овде уништување на игралиштето за голф“ и продолжува со „кое они го направија недоправија па сега поише се краде де на материјал лего коцки дигни бутни…Крива Паланка Брусалица градоначалник, за жал“. Овде не се почитувани ниту основните граматички и синтаксички правила на македонскиот литературен јазик, нема интерпукциски знаци, голема буква, нов ред, редослед на реченица…

    Текстот, ако воопшто може така да се нарече, користи навредливи квалификации кон градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, нарекувајќи го Брусалица (порталот често го користи називот Боки Брусалица), со што алудира на брусењето на сонцето од Кутлеш на плоштадот пред општинската зграда. Со навредите се повредува угледот и достоинството на јавната институција градоначалник на начин што е недозволив за еден медиум.

    Во текстот отсуствуваат сите елементи на информативен текст. Нема јасност, релевантност, присуство на факти, извори на информацијата, а обвинувањата за кражба, што е кривично дело, се без приложени докази.

    Текстот е класична пропаганда, која има намера да манипулира со јавноста и неосновано да наведува на можни злоупотреби, особено во чувствителен период на политичка кампања.

    Побаравме појаснување од градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој изјави:

    Нема никакви злоупотреби или проблеми. Изведувачот тековно работи на теренот според активностите предвидени со проектот и наскоро ќе се отпочне со поставување на урбаната инфраструктура. За спречување на вандализам, поставени се и камери на локацијата.

    Исто така, фотографијата не соодветствува со написот, затоа што на неа е прикажано изведување на градежни работи, без јасност за наводни злоупотреби на кои наведува тестот.

    Во текстот се прекршени се повеќе членови од Кодексот на новинарите на Македонија, посебно член 1, во кој се вели дека „новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“, како и членот 16:

    Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.