Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово од вчера се продаваат природни елки. Елките можат да се купат по цена од 900 и 1500 денари во зависност од големината.
„Секој што ќе ги види прашува колку чинат,се интересираат луѓето, но ретко купуваат. Најмногу се радуваат децата и бараат родителите да им купат, но луѓето намаат пари. Лани повеќе се продаваа“ - велат продавачите, работници во ЈП „Чистота и Зеленило“.
Во развиените држави за новогодишните празници главно да се украсуваат зимзелени дрвја. Во последно време и кај нас е тренд во дворовите да се украсуваат природни елки.