Куманово ќе биде домаќин на Спортски игри за деца и млади
Караванот „Денови на спортот“, кој е дел од Плазма Спортските игри за деца и млади, утре со почеток во 12:00 часот ќе се одржи во спортската сала во Куманово.
„Денови на спортот“ се дел од караванот кој годинава ќе посети повеќе градови низ државата, со цел преку спортот да ги обедини децата и младите и да промовира здрави животни навики, фер-плеј, другарство и позитивни вредности.
„Игрите овозможуваат бесплатен спорт за сите деца. Куманово ќе биде дел од оваа приказна – ден исполнет со детски насмевки, спортски дух и вистински вредности. Најмладите ќе имаат можност да се дружат, да се натпреваруваат и да почувствуваат што значи да се биде дел од една голема спортска заедница“, велат од Општина Куманово.
Плазма Спортските игри за млади, како најголема аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа, годинава за првпат се организираат во Македонија.