Серискиот убиец од Драгоманце осомничен за убиство на четири жени и два обида за убиство
Кривични пријави поднесни се против убиецот од Драгоманце за убиство на уште две жени и два обида за убиство, како и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, односно дека ги убил Ј.А. од селото Драгоманце и С.К. од селото Клечовце, како и кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.
„По извршените проверки и ексхумацијата на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа на дополнителни сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и, во координација со ОЈО, против него е поднесена кривична пријава. Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. и за убиство на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор“, соопшти МВР.
СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од Општата болница во Куманово.