Аднан Бислими најдобар полицаец, Никола Богдановски најдобар пожарникар за 2024 година во Куманово Аднан Бислими е прогласен за најдобар полицаец, а Никола Богдановски го доби признанието за најдобар пожарникар за 2024 година, за професионално извршување на работите задачи во Куманово.
Професори по физичко ќе поминат обука за работа со ученици со попреченост и непливачи Четириесетина професори по физичко и здравствено образование кои се вклучени во проектот за субвенционирање на часови по пливање за ученици од сите основни и средни училишта, започнаа обука за одржување на часови на непливачи и ученици со попреченост во градскиот базен во Куманово.
Одложено судењето на жената која во самоодбрана ги уби сопругот и свекорот во Кратово Во Основниот суд во Куманово, денеска поради отсуство на обвинителот, се одложи судењето против Вангелица Илиевска (36) од Кратово, обвинета за двојно убиство со умисла на сопругот и свекорот, во нивната куќа во Кратово.
Годишното собрание на пензионерите да биде отворено за јавностa, бараат дел од членовите (видео) Членови на Здружението на пензионери во Куманово, бараат Годишното собрание закажано за 24 декември да биде отворено за јавноста.
Приведен сопственик на продавница, запленети се 500 парчиња пиротехника Сопственик на продавница од Куманово е приведен откако во неговиот продажен објект се најдени 500 парчиња пиротехнички средства.
Само со конкретни мерки и казни ќе се спречи загадувањето на воздухот, сметаат екологистите Неопходен е што поголем ангажман на државата и локалните самоуправи, промена на законите, донесување на правилник за огрев на дрва, почитување на регулативата за сеча на шуми, засилен инспекциски надзор и во приватните куќи, санкционирање на загадувачите и опсежна медијска кампања за подигање на јавната свест.
Намалена видливост поради магла на патот Куманово - Скопје Намалена видливост порди магла утринава има на повеќе патни правци во земјава.
Нова измама со СМС пораки за наводни пратки од Македонска пошта Измамници деновиве се обидуваат да извлечат пари од граѓаните преку СМС пораки, кои наводно ги праќа Македонска пошта.
Со аеросолизација ќе се намалува загаденoста на воздухот во градот Аеросолизација е една од мерките кои Општина Куманово ги презема за справување со високите концентрации на штетни честички во амбиенталниот воздух.
Два дена воздухот во Куманово е загаден над дозволеното, издадени се препораки до граѓаните како да се заштитат Куманово е еден од петте градови во државата каде што последните два дена загаденоста е на највисоко ниво.
Во Средорек се криеле двајца осуденици кои побегнале од затворите во Идризово и Струмица Две осудени лица, кои побегнале од затворите во Идризово и Струмица, ноќеска биле уапсени во кумановската населба Средорек.
Министерството за финансии ги исплати блок дотациите што ги должеше на училиштата во Куманово Министерството за финансии исплати блок дотации во висина од 9 милиони денари на Општина Куманово, кои ги должеше на образовните институции за трошоци во секојдневното работење.
Куманово вечерва се гуши во смог Куманово вечерва еден од најзагадените градови во земјава и се гуши во смог.
Премиера на претставата „Дедо Мраз и веселата шума“ утре во Центарот за култура Новогодишната детска претстава „Дедо Мраз во веселата шума“ премиерно ќе биде изведена утре /19 декември/ со почеток во 18 часот во малата сала на Центарот за култура во Куманово.
Од први јануари цената на струјата ќе се зголеми од 0.68 до 2.24 отсто Од први јануари, сметките за струја ќе бидат повисоки за околу 1 отсто.
Малолетник криумчарел мигранти од Непал во кумановско На локалниот пат Куманово - Речица, синоќа околу 23 часот биле пронајдени девет мигранти од Непал.