Уште една измама со огревно дрво - кумановец останал без 100 евра Шеесет и тригодишен кумановец вчера пријавил во полицијата дека бил измамен од едно лице за сума од 100 евра.
Да се намали бројот на ученици во паралелките, бараат средните училишта во Куманово Средните општински училишта од Куманово бараат согласност за запишување на помал број на ученици од предвиденото, а одлуката треба да ја донесе Советот на наредната седница.
Стручната јавност и граѓаните незадоволни од квалитетот на реконструкцијата на малиот плоштад, надлежните ќутат Квалитетот на материјалите и самата изведба во реконструкцијата на малиот плоштад во центарот на Куманово е многу лоша, непрофесионална и непримерна за вложување кое чини 850 илјади евра, е оценка на граѓаните, стручната јавност и советниците.
Изложба на слики од Ликовната колонија „Куманово 2023“ во Музеј Куманово Во лапидариумот на Музеј-Куманово, утре во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од Интернационалната ликовна колонија „Куманово 2023“, како дел од програмата за Европски денови на културното наследство.
Повредена жена на раскрсница во центарот на Куманово Шеесет и двегодишна жена од Куманово е повредена, откако во неа удрил автомобил, кој го управувал возач од Липковско.
Бистата на Магдалена Антова ја нема 10 месеци, граѓаните бараат Општината да се грижи за културното наследство Бистата на првата партизанка загината во НОБ во Македонија Магдалена Антова, повеќе од 10 месеци ја нема на постаментот во Соколанскиот парк во Куманово.
Отворен фестивалот „Денови на комедија“, доделена наградата на лауреатот Сашко Коцев Во Центарот за култура во Куманово, синоќа беше отворено 27 - издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2024“.
Уапсен кумановец - осомничен за палење стрниште и предизвикување пожар Кумановската полиција уапси кумановец, кој запалил стрниште на неговата нива, по што предизвикал пожар надвор од неговиот имот.
Земјотрес во Скопје со јачина од 2.9 степени Земјотрес со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувствуван во Скопје и околината.
Стапи на сила ограничувањето на профитот за 73 производи Денеска стапи насила владината одлука за ограничување на профитот на трговците за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.
Владата ги укина лиценците за игри на среќа на интернет Владата на денешната седница ги укина лиценците за игри на среќа на Интернет. Како што велат од Владата, лиценците се одземаат поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување.
Изгоре стан во центарот на Куманово Во голем пожар попладнево изгоре стан на улицата „Среќко Пужаљка“ во центарот на Куманово.
Ја нема нема бистата на Магдалена Антова во Соколанскиот парк, не се знае дали е украдена или заборавена Речиси цела година ја нема бистата на Магдалена Антова во Соколанскиот парк во Куманово, но никој нема информација каде е, дали е украдена или некаде е тргната и заборавена.
Словенечките и кумановски пчелари заеднички против производителите на неквалитетен и фалсификуван мед Заеднички настап против производителите на неквалитетен и фалсификуван мед, како и размена на искуства во одгледувањето пчелни семејства и висококвалитетно производство на мед биле главните теми на заедничката средба на кумановските пчелари од Здружението „Пчела“ со нивните колеги од Словенија кои престојуваа во кумановскиот регион.
Се зголемуват цените на сите нафтени деривати Вечерва од полноќ се зголемуваат цените на сите нафтените деривати, бензините Еуросупер од 95 и 98 октани по 1,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за горење за половина денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со три проекти од 4 милиони евра аплицираше Куманово на огласот на Владата Општина Куманово доставила три проекти во вкупна вредност од 4 милиони евра, за реализација на инфраструктурни проекти на повикот кој го објави Владата вреден 100 милиони евра.