Целовечерен концерт на соло песни во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, утре, 3 јули, со почеток во 20 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на соло песни за љубителите на класичната музика.
На денешното рочиште против Димитриевски, сведочеше раководителката Сларидис Јаневска Во Основниот суд во Куманово денеска продолжи судењето против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за злоупотреба на службена положба и областување, по кривична пријава на ОЈО Куманово. На рочиштето сведочеше Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Сектор за урбанизам во Општина Куманово.
Опожарена куќа во Романовце, повредени нема Ноќеска во село Романовце била опожарена куќа, но за среќа нема повредени лица.
Венко Филипче доби најмногу гласови во Куманово, слаб одзив на изборите Венко Филипче добил 181 глас на партиските избори во Куманово.
Граѓаните и фирмите да не наседнуваат на измами со лажни покани и непроверени електронски пораки, апелира МВР Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.
Се чисти околината на депонијата „Краста“, изнесени се 5 камиони смет Започна исполнувањето на најитните барања на месното население од селото Пчиња по минатонеделниот протест поврзан со проблемите и честите пожари на Краста, депонија на која се изнесува целиот смет од Куманово.
Цената на водата, бесплатниот автобуски превоз, запишување во градинка над проектираниот капацитет,дел од точките на утрешната седница на Советот Утврдување на тарифите за водоснабдување, продолжување на мерката за бесплатен автобуски превоз и уписи на деца во градинките над проектираниот капацитет се дел од 44- те точки на дневниот ред на 42-та седница на Советот на Општина Куманово. Седницата ќе се одржи во кружната сала на Комитет утре, среда, 3 јули, со почеток во 10 часот.
Второ прскање од земја против возрасни форми на комарци Ноќеска на полноќ на територија на Општина Куманово ќе започне прскањето од земја против возрасни форми на комарци.
Поскапува бензинот Еуросупер БС-95 За половина денар ќе се зголеми цената на бензинот Еуросупер БС-95, кој од вечерва на полноќ ќе чини 83 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Без предупредување за внимателно движење се поправа „Димитар Влахов“ Без сообраќаен знак за опасност и предупредување за внимателно движење на возачите и пешаците, денеска се поправаше улицата „Димитар Влахов“ покрај Стара Црква.
На Табановце се чека подолго поради црвеното ниво на безбедносен ризик во Србија, велат од МВР Зголемениот временски период на чекање на Граничниот премин Табановце, за влез и излез од територијата на Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мотоциклист повреден на патот Куманово - Свети Николе Кумановец е повреден на патот Куманово - Свети Николе откако паднал од мотор.
Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година, за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции.
Од први јули струјата ќе поскапи за 0,4 отсто за 88 % од домаќинствата Од први јули, за 0,4 отсто ќе поскапи струјата за 88 отсто од домаќинставата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена е направена откако во вторникот беа донесени измените на Законот за енергетика, со кои се овозможи минамално зголемување на цената.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Куманово Во изминатите 24 часа најмногу дожад наврнал во Куманово – 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Охрид, Берово, Струмица и Крушево по еден литар на метар квадратен.
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи за попладне, најавува УХМР Од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавуваат дека до утре ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи.