Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интервју Зорана Андоновиќ, средношколка во “Јахја Кемал Колеџ“ Скопје
интервју Зорана Андоновиќ, средношколка во “Јахја Кемал Колеџ“ Скопје
Автобуската и Железничката станица мора да се реновираат
Во Куманово не ми се допаѓа нечистотијата, фрлени отпадоци, контејнери кои се оставени на сред улица, сообраќаен метеж, недостиг на тротоари, а и постоечките во добар дел се зафатени со паркирани возила и отворени контејнери со ѓубре околу нив, па пешаците се приморани да се движат по коловозот.
По пример на европските градови би требало да се постават контејнери за селектирање и рециклирање на разни видови отпад со што ке се подигне еколошката свест на граѓаните, а истите да се постават на точно определени места, надвор од коловозите и тротоарите. Со тоа би се избегнал и ризикот по здравјето на граѓаните, особено децата. Сообраќајниот метеж би можел да се реши со катна или подземна гаража во центарот на градот што потполно би ја сменило сликата на нашиот град.
Секој што прв пат доаѓа во Куманово, се разбира, мора да го види плоштадот, легендарната “Тумба” и “Батко Ѓорѓија”, како и кејот кои се гордост на градот. Тука се историските места “Спомен Костурница”, “Кокино”, Пелинце, како и угостителски објекти со традиционална македонска кујна.
Пријател што првпат доаѓа во градот не би сакала да го види просторот околу Зелениот пазар, просторот околу Спортската сала, Автобуската и Железничката станица, кои навистина треба што поскоро да се реновираат.
Куманово е еден од поголемите градови во Македонија, а кумановци се познати по ведриот дух, смислата за хумор и специфичниот дијалект. Куманово е на некој начин раскрсница меѓу Србија и Бугарија, и предност е што е најблиску до главниот град Скопје. Последнава година се отворија повеќе клубови и има забава за младите.