×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Авганистанци и Ирачани, дај најдите врске да си купимо амерички хеликоптери по пониску цену

    Виктор Божиновски

    Иако ја слушнав веста и пред подолг период, сепак се надевав дека кумановската општинска администрација нема да се обиде да го спроведе најглупавиот план за кој, очигледно сериозно се спремала, и кој план дефинитивно, ќе го уништи, и онака сериозниот сообраќаен хаос во Куманово.

    Ама, изгледа, со оваа администрација може све да очекуваме. Имено, пред два дена излезе веста дека наскоро ќе почне реконструкција на малиот плоштад и дека според проектот е предвидено спојување на двата плоштади во пешачка патека, кој проект ќе се изведувал во три фази... Имено, оваа година би требало да заврши првата фаза која предвидува реконструкција на малиот плоштад како и спојување со главната улица на која сообраќајот првично ќе се одвива во одреден дел од денот, а подоцна според планот било предвидено да биде целосно затворена, а дека средствата се веќе обезбедени во општинскиот буџет!

    Дали знаете што во реалност ова значи? Ова значи дека ќе биде пешачка зона, затворена за сообраќај се од “БРУКЛИН“ односно “РЕКЛАМА“ надоле се по Ленинова до крај, до стариот “кружен тек“ а десно ќе биде затвотено се до “Нагорички“ и “Проевски сокак“!

    ПА ДОБРО БЕ... ДАЛИ СТЕ ВИ НОРМАЛНИ???

    Бидејќи се движам по центарот на градот прилично често, гледам дека сега, моментално, во оваа ситуација, има ненормален сообраќаен хаос. И тоа е нормално затоа што главните улици во градот се изградени пред повеќе од 40 години и се проектирани за 3 пати помалку возила отколку што денес има во Куманово, односно се проектирани за број на возила колку имало во тој период кога биде градени.

    Ајде да кажеме дека првата фаза е во ред, реконструкцијата на малиот плоштад, иако не гледам што тука би се реконструирало со оглед на фактот дека истиот е веќе реконструиран во 1998 година и мене ми е прилично ОК... ама ајде.

    Еве, само минатата недела беа 2 големи верски празника, и ВЕЛИГДЕН и БАЈРАМ... петокот пред ВЕЛИГДЕН и четвртокот пред БАЈРАМ за да стигнеш од центар до болница со кола требаше 20 минути, и тоа по улици кои сега некој смислил да ги затвора за сообраќај.

    Јас стварно не знам и не ме интересира чија е оваа ЛУДА ИДЕЈА, ама сакам одговор на неколку прашања како жител на Куманово...

    Прво, како луѓето што живеат на “Моша Пијаде“ и на “Иво Лола Рибар“ ќе стигнат до таа иста болница ако имаат итна потреба?

    Второ, како луѓето што живеат на “Октомвриска револуција“ ќе стигнат до “Ленинова“?

    Трето, луѓето што живеат на било која друга адреса во Куманово, а сакаат да испијат кафе во “БРУКЛИН“, “IRISH PUB“, “LA VITA“, “РЕКЛАМА“ или било кој друг кафиќ во центарот на градот, каде ќе ги паркираат своите возила и како воопшто ќе стигнат до
    таму?

    Четврто... ПРЕДВИДЕСТЕ ЛИ НЕГДЕ ХЕЛИОДРОМ У ТЈ ВАШ ПРОЕКТ, или само земасте “рушвет“???

    Мене ми е совршено јасно како расмислува актуелната општинска администрација во делот на урбанистичкото планирање, дека, ете, сите знаеме дека скоро сите дечки и девојки, мажи и жени што беа во Ирак и Авганистан земаа пари по основ на оштета за претрпен посттрауматски стрес синдром, па дека сега следно е и нивните сопружници да земаат и они пари зашто од стресот што нивните мажи или жени го претрпеле, и тие претрпеле стрес, и тогаш се е ОК, имаат пари да си купат по еден хелихоптер, па каде и да живеат, некако ќе стигнат до центарот на градот!

    Ама јас ова го пишувам во името на оние од нас кои не биле таму и своите пари ги заработуваме од својот личен труд и мака и кои ќе имаме сериозен проблем ако овој “ЛУД ПЛАН“ за затворање на центарот на градот стварно се реализира.

    Оттука.... МОЛУ ГИ СВИ АВГАНИСТАНЦИ И ИРАЧАНИ, ДАЈ НАЈДИТЕ ВРСКЕ ДА СИ КУПИМО АМЕРИЧКИ ХЕЛИХОПТЕРИ ПО ПОНИСКУ ЦЕНУ, ви познавате тамо људи, имате “врске“, помогните ни на нас “остали“ кд ќе се деси овој “ЛУДИЛО“ да можемо да стигнемо до центар на град, сас возило, па макар и нека е хелихоптер, зашто има некои од нас кои имав претходно скршени ноге па малко ни е проблем много да пешачимо.

    П.С. И не е само овој “лудило“ во делот на урбанизмот. Минатата вечер на ТВ Плус Куманово гост беше Бобан Спасовски, “Боби Де-Лукс“ или “Боби Шваба“ како што го знаеме, кој во своето интервју изнесе прилично сериозни обвинувања спрема општинската администрација, и начинот на нивното работење особено во делот на урбанизмот, кои не се баш “рекла-казала“ муабети, туку според мене, како правник и адвокат, Основното јавно обвинителство Куманово има сериозни индиции за постапување по “допрен глас“, како што е предвидено со Законот за кривичната постапка.

    САМО ТЕРАЈТЕ ВИ МАЈСТОРИ, ама лошо ќе завршите!

    Виктор Божиновски адвокат

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*