×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Чекајќи го Чак Норис

    Милош Стаменковиќ

    Дојде време за избори. Според најновата дефиниција, тоа е период кога граѓаните можат да се чувствуваат како нормални суштества. Еден месец кога локалните моќници им се смешкаат на „поданиците“. Малку ли е?

    Но, тоа е многу напорен период за политичарите. Тие се натпреваруваат за секој глас. Најтежок дел од убедувањето е дека некој друг за нив велел дека се стока која одела на гласање. Не е лесно ниту да им објаснaт декa тоа ќе помине кога тие ќе дојдат на власт. Можеби некој наивен и уценет со работно место и ќе поверуваа. Но, мора да се свесни дека тие што ветуваат брда и долини, веќе 30 години се власт. Поточно на власт се од 1945 година, а единствена корекција е промена на петокраката од црвена во жолта боја. Методите, филозофијата и начинот на делување се исти со децении. 

    Изборите се и време кога слушаме патетични пароли и идиотски пораки од типот: „Нов концепт - урбано и европско Куманово„ или преземено од уџбеник по економија: „Визија, план, акција, успех“.

    Секоја сличност со паролите од кампањата е случајност и немам намера да пишуваам за никој од кандидатите. Само гласно размислувам. Секој може да напише што сака. Но притоа елементарната култура наложува да не се навредува минималната интелигенција на луѓето.

    Затоа и поставувам прашања. Како е можно некој да направи урбан град од Куманово, ако нема одгледано една претстава во театар? Што е тоа урбано во лумпување на „Жена од султана„?! Нема ништо урбано ако не знаете кој е Умберто Еко или не сте се воодушевиле на уметничка слика.

    Одговорот е многу логичен и едноставен. Политичката парола е ефтина пропаганда. 

    Втората парола е „Европско Куманово“. Убаво звучи, но мислам дека за тоа е погрешен тајмингот. За европско Куманово може да настапиме на избори во 2074 година, кога ќе ги завршиме пристапните преговори. Тогаш ќе почнат европските држави сериозно да размислуваат за прием на Нашата земја во европските интеграции. До тогаш, ваква порака личи на ефтина шега. 

    „Визија, план, акција, успех„ е тука сме на вистински терен. Се од оваа може да го видиме со голо око. Саобраќаен метеж, валкани улици, градежна мафија, корупција на секој чекор.....Така може да набројувам до бесконечност...

    Куманов е уништен град. Со една реченица кажано, и за Итан Хант е „Невозможна мисија“ да направи од Куманово урбано и европско место за живеење. Единствена надеж за нашиот град е Чак Норис.

    Но, додека чекаме милост од Чак Норис можеме да пробаме да направиме нешто и самите. Најголемиот проблем се партијските структури. Тие немилосрдно бараат послушници кои ќе извршуваат наредби без да трепнат. Притоа тоа не би имале проблем, доколку водачите се најдобрите кадри кои постојат во овој град. По правило и тие се полтрони кои имале среќа да се направи смена на генерации. Со таков пристап ќе тонеме секој ден до дното. 

    Единствена причина која ме натера да се приклучам во граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ е потребата вистински луѓе да дојдат на вистинските места. Не партиските ботови, туку образовани и компетентни луѓе. Луѓе кои нема да дадат пари за работно место или ќе го заработат со лајкови и коментари на социјални мрежи. Туку луѓе кои со своето знаење и способност ќе се борат за Куманово да стане подобро место за живеење.

    На пример, од лично искуство сакам да ја објаснам пораката. Ќе се борам на работните места во Општината да дојдат луѓе кои имаат капацитет за оценување на нови проекти, од секоја област. За мене е безобразлук да биде одбиен проект за списание зад кое стои академикот Милан Ѓурчинов. Тој со лични врски, авторитетот кој го има во светски рамки, може да обезбеди интервју со Ноам Чомски, Ален Бадју и другите познати интелектуалци. Може да нарача бесплатен текст од Славој Жижек, дури и посета на Куманово на Јанус Варуфакис. Но, за жал, за таков проект одлучуваше административен сноб за кого Достоевски е руски мафијаш а Караваџо, лев бек на Јувентус.

    30 години Куманово го водат луѓето кои умислиле дека се разбираат во се и сешто. Од парењето на бели сибирски зајаци до атомска фузика. Притоа не гледаат дека поради ефтини интереси живееме во уништен град. Заборааваат дека луѓето се единствено нешто што вреди во Куманово, се друго е уништено.

    Тоа е основната порака на „Фронт за урбано Куманов“. Вистински луѓе на вистински места. „Фиљан људи, за фиљан Куманово“. Таквите луѓе се насекаде околу нас, за жал се најмалку во политичките партии.

    Во случај, идниот градоначалник да ја препознае оваа порака, да даде шанса на младите да покажат што знаат и умееат, без разлика на членска книшка, граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ ќе смета дека нивната цел е исполнета.

    Дајте им шанса на младите, можеби Чак Норис никогаш нема да дојде во Куманово.

    Милош Стаменковиќ писател

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*