×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 1 ДЕЛ

    Милош Стаменковиќ

     

    Како се наближуваат локалните избори, секој ден се прашувам: „Што уште треба да направи СДС на Нашата земја во Куманово, во државата и надворешната политика, на луѓето да им пукне филм и да кренат глас против погубните политики?

    Можеби е потребно да донесат Уредба на Влада сите да носиме цуцла кога одиме во државни установи? Можеби не е лоша идеја во продавница да влегуваме наведнати, бидејќи е над 1,5 метри ризична височина за пренос на вируси?

    Не знам што повеќе може да измислат властодршците. Но знам што може да направат обичните луѓе. Може да се побунат, што е малку веројатно, бидејќи веќе неколку години поминаа без реакција на илјадници глупости направени од политичките лидери, кои разбраа дека кај нас се поминува. Само небото е граница. Останува единствено пасивен отпор. Сите да сошиеме жолти ленти кои ќе ги носиме на ракавот. Сами да се обележиме. Исто како Евреите во Германија пред
    Втората светска војна.

    Засега така стојат работите. СДСМ изминатите години покажа дека се може во Куманово. На почеток, постоеше и некој ред, наследен од комунистичкиот период. Но како поминуваше време, по теоријата на варена жаба, дојдовме до време кога не постои ниту една морална, законска, етичка и било каква препрека во спроведување на личните интереси.

    Проститутки, дилери на дрога и криминалци станаа угледни професии во однос на политичарите. На народот му е мрско дури да зборува на тема политика.

    Ние, обичните граѓани ги гледаме луѓето кои ја спроведуваат политиката. Но, не сме свесни дека не е проблемот во нив. Денес воопшто не е важно кој претставува програма. Не се бира личност, туку се гласа за симболот на партијата. Не гласа народот за определен кандидат, туку за наметната личност од многу мал број луѓе, кои ни се претставуваат како лидери на политичките партии.
    Не е потребен никаков интелектуален капацитет, знаење и способност. Доволна е желба на лидерот и се е можно.

    Како стојат работите, да се појави Никола Тесла ќе изгуби на локални избори од Оливер Илиевски.

    Кога се шегуваа на сметка на локалните избори, постојано се повторуваше: „Да кандидирамо магаре, магаре ќе победи.“ Мислам дека е дојдено време заканата да ја спроведат во дело. Не е до луѓето. Проблемот на нашето општество е во системот. За да се промени системот потребна е голема мака и саможртвување. Во исто време, полесно е да молчиш со наведната глава.

    Најлесно е „кубурата да е во гаќи“.

    Во светот имаме примери. Во Франција се случи француската револуција. Русите го променија системот во Октомвриска револуција. Украинците направија бунт на плоштадот Мајдан во Киев. Во арапските држави имавме низа револуции.

    Во Северна да промениме систем имаме само еден проблем. Недостасуваат Руси, Французи, Арапи и Украинци. 

    Втора опција не постои. Ако не е СДСМ, ќе биде ВМРО.

    Трета опција е научна фантазија. Може да се појави на политичката сцена, како Левица, или пак како граѓански иницијативи за локални избори. Но, сето тоа, ако стане закана за системот, ќе биде елиминирано со неколку нови закони и анекси на истите.

    Затоа, не ми е јасно зошто сакаа да сменат закон за локални избори пред неколку месеци?

    На пример, за Куманово сакаа да постават граница на 1870 собрани потписи за кандидирање на независна листа. Дали се запознаени дека и сегашните 1000 потписи се сизифова работа. Да собереш 1000 потписи во канцеларија на ДИК, за која никој во Куманово не знае када се наоѓа. А кога ќе дознаете, ќе се сретнете со зашумен простор како во филмовите за Тарзан.

    Канцеларијата на ДИК се наоѓа во центарот на градот, но да ја пронајдете е вистински подвиг.

    На независните листи за советници им преостанува да се надеваат дека има 1000 одважни и упорни луѓе, кои ќе ги поминат сите препреки од страна на системот.

    Како стојат работите, се друго е познато. Глумецот Тони Михајловски е од едната страна, а се чека уште неколку дена СДСМ да го објави името на Оливер Илиевски или Мартин Костовски.

    СДСМ не го објавува својот кандидат од проста причина. Максим Димитриевски веќе неколку месеци се заканува дека во случај да не го кандидира партијата ќе излезе самостојно на изборите. Како поминува времето, за тоа може да сонува. Како што реков, потребни се 1000 потписи во ДИК.

    Едноставно, во СДСМ се чека да истече рокот за собирање потписи и поради тоа го лажат актуелниот градоначалник. Дури се зборува дека од страна на Зоран Заев е ветено местото на министер на одбрана на Северна. Но, Максим посакува уште еден мандат.

    Еден добронамерен совет. Потписите во ДИК се мачна работа. За секој случај, нека почне да собира луѓе уште денеска, за да има адут во ракавот. Во случај да му верува на ветувањето на лидерот, мора да знае дека ако го праша Заев колку е часот, и тој му одговори, мора да праша и некој друг, бидејќи голема е веројатноста дека го излажал.“

    Но тоа се нивните валкани игри.

    На крајот, кога ја гледаме политичката сцена, единствено сакам да упатам апел до сите, кои имаат храброст и желба, да се потпишат за независната листа на ФРОНТ во канцеларијата на ДИК.

    Милош Стаменковиќ писател

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*