×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ИДЕ ДУНАВ

    Емил Ташевски

    Борбата против режимот на Никола Груевски веќе одамна е завршена. Човекот кој ги направи најголемите неправди и кој земјата ја втурна во самоизолација веќе подолго време шета низ улиците на Будимпешта. После 4 години власт владејачката СДСМ не само што не го стави зад решетки туку се вгради во неговиот систем, кој сакаше да ги контролира сите пори на оваа општество. Сета надеж дека нешто ќе се промени во државата згасна кога „метлата“ која ја најавуваше премиерот не ги опфати луѓето кои најубаво се вклопија во тој лавиринт, кој државата ја втурна во неповратна бездна на која не и се гледа крајот. Надежите дека може да биде подобро најпрвин згаснаа кај шарените револуционери, а потоа и на активистите во партијата, кои размислуваа со своја глава и до последен момент имаа верба дека сепак се можни долгоочекуваните промени кои ќе нé доведат до некој нормален живот. На тој пат многу ретки беа луѓето кои пробаа да го кажат својот став, а притоа беа на функции кои многу бргу ги загубија. Овој процес премиерот го нарече пркосење и не дозволи различен став од оној како во бајката за Снежана и седумте џуџиња и огледалото во неа. Оние кои му велеа дека е најубав и најспособен и дека секоја негова одлука е добра ги заземаат до ден денес највисоките позиции и одлучуваат за нашите животи.

    Што му останува на обичниот член на СДСМ кој се борел против режим на Груевски да чини во оваа ваква ситуација? Кога е отфрлен од луѓе кои знаат само да го тапкаат по рамо лидерот и да се согласуваат со секоја негова одлука, а притоа да немаат свој став за ниту една од нив. Кога секое нивно кревање на рака во партиските простории се гледа како потенцијален напад и загрозување на комодитетот кој го имаат стекнато со тоа своето молчење. Кога образованието за некоја раководна позиција кај нив игра пресудна улога, а не лојалноста кон партијата и луѓето кои раководат со неа. Единствено достоинството и исправената кичма им се некоја сатисфакција, дека е можно и во иднина да има промени кои ќе им донесат нормални животи на нив и на нивните најблиски, близу на оние во западноевропските земји. И за среќа кога мислите во таква самобендисана позиција дека сте семоќен, секогаш народот на овие простори знае да ве казни така сурово и тоа кога најмалку очекувате да незнаејќи што да правите во моментот како премиер испраќате пораки потпишани во ваше име за некакво си обединување и колку толку надевајќи се на изборен резултат кој нема да ви донесе бргу предвремени парламентарни избори. 

    Со кого обединување? Со луѓето кои мојата партија ја гледаат само клиентелистички? Со луѓето кои со нивната работа Ве доведоа до ситуација да Вие како премиер праќате пораки? Со луѓето кои само сакаа да си ги заменат местата со Мијалков и компанијата, а не да променат нешто? Со луѓе кои немаат свој став? Со луѓе кои службената кола која ја користат за одење на викендици и патување приватно во странство? Ги заборавивте членовите кои не се полтрони, кои имаат идеи, идеологија, и се водат по начела и принципите на социјалдемократијата. Луѓе кои се восхитуваат на Гиденс и Жак Атали (ова не се ни амбасадори, ниту пак некои градежници) и кои се чуствуваат издадени и изневерени.

    Такво обединување ниту ќе се случи, ниту е природно да се случи. Толку се луѓето разочарани и безидејни, а желни да казнуваат, што кај нив веќе преовладува и мазохизам и се казнуваат сами себе со даден глас на луѓе како Стевчо Јакимовски. Се казнуваат сами себе со мисла дека си дозволиле да Ви веруваат дека еден ден ќе биде подобро. Дел се казнуваат со гласање со широко затворени очи, а дел останувајќи дома расправајќи се со жена, дете, девојка, брат, нестрпливо чекајќи да биде 19:00 за да не излезат и сепак гласаат за СДСМ. После секои избори Вие правите промени и никако да ги направите. Веќе не си веруваме меѓу себе. Многу е доцна. Што и да правиме никако не може да дојдеме до заедничка точка. Вие на овие избори ја плативте цената, која цело време ја баравте. Го доведовте во ситуација градот Куманово како бастион 30 години да не биде под контрола на СДСМ. Што и да се случи не е битно во вториот круг. Фрливте се на коцка. Во Куманово го изневеривте секој рибар, ловџија, голубар, земјоделец, го изневеривте и чистачот на улица и академскиот сликар, го изневеривте и Македонецот и Албанецот и Србинот и Ромот. Го изневеривте концептот едно општество за сите, бидејќи дозволивте општество само за поединци со партиска книшка и наведната глава.

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*