×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    По лебот, млекото, јајцата и оризот, ќе се замрзнат и цените на овошјето, зеленчукот и хигиенските производи

    28.03.2023 14:22 | Сузана Николиќ

    Откако ги замрзна цените на лебот, млекото и јајцата, Владата во наредните денови ќе ги замрзне цените на хигиенските производи, зеленчукот и овошјето, најави министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје. 

    По лебот, млекото, јајцата и оризот, ќе се замрзнат и цените на овошјето, зеленчукот и хигиенските производи

    „Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е случај и во другите маркети. Ваквата мерка ќе остане во важност до крајот на април 2023 година, со тенденција вакви слични мерки да донесеме и за други прехранбени производи, ако за тоа се укаже потреба, според претходно направени анализи какви што во моментов правиме“, кажа Ковачевски.

    Министерот за економија, Крешник Бектеши најави можност за понатамошни намалувања на цените на производите.

    „Најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлука на Владата, ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре“, нагласи министерот за економија, Бектеши. 

    Тој додаде дека се прават анализи за увозните цени на трговците и согласно наодите, ќе се носат одлуки за натамошно замрзнување на цените.