×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 при влез во земјава

    19.04.2022 19:47 | Сузана Николиќ

    Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19, како и и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

    Укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 при влез во земјава

    „Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан ковид-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата“, соопшти Владата.

    На денешната седница донесена е одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од 7 дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.